Контакт

Свет

Седум терористи убиени во две престрелки за 24 часа во Кашмир

Објавено пред

Тројца осомничени терористи се убиени, а за двајца се верува дека биле принудени да се повлечат по престрелката меѓу милитантите и индиските безбедносни сили во округот Кулгам во Џаму и Кашмир, пренесува „Спутник“. Ова е втора голема престрелка меѓу безбедносните сили и терористите од неделата, во кои беа неутрализирани вкупно седум осомничени терористи.

dobivaj vesti na viber

Во неделата вечерта четворица терористи биле убиени од индиските безбедносни сили. Според официјалните лица, тоа била четврта престрелка во областа за период од една недела.

Според полицијата, вооружениот напад се случил за време на нивните операции за опколување и пребарување (CASO) во областа Долна Мунда во Казигунд, во округот Кулгам, кој е оддалечен 70-ина километри од Сринагар, летниот главен град на Џаму и Кашмир.

Генералниот директор на Централната резервна полиција во Индија (CRPF), АП Махешвари, неодамна потврди дека е забележан пад во терористичката активност во време на режим на ограничено движење поради падемијата на Ковид-19.

„Постојат неколку џебови во кои терористите се засолнуваат. Ние континуирано спроведуваме операции за опколување и пребарување за да ги уапсиме“, рече Махешвари.

Во 2020 година најмалку 76 терористи се убиени во повеќе од 40 инциденти поврзани со тероризам во долината, покажуваат официјалните податоци на полицијата во Jаму и Кашмир.

Свет

(Видео) Русите објавија снимка од нападот на украинскиот воен аеродром

Објавено пред

Руските сили го нападнаа воениот аеродром Мирхород во регионот Полтава, што резултираше со извесни загуби, потврди на социјалните мрежи портпаролот на воздухопловните сили, Јуриј Ихнат.

dobivaj vesti na viber

Руските медиуми претходно објавија снимки од нападот, истакнувајќи дека се уништени пет воени авиони Су-27, а други два се оштетени. На видеото се гледа чад и оган на аеродромот.

„Како резултат на рускиот удар, уништени се пет активни повеќенаменски борбени авиони СУ-27, а два се оштетени“, соопшти руското министерство.

Русија ги гаѓа украинските аеродроми токму во моментот кога Киев се подготвува да го прими првиот американски авион Ф-16 кој Москва вети дека ќе го уништи.

„Тоа беше напад. Има загуби, но не и оние што ги презеде непријателот“, кратко одговори Ихнат. Тој не соопшти детали за претрпената штета. Првичните извештаи за нападот предизвикаа бес на социјалните мрежи, при што некои ги критикуваа воздухопловните сили дека не успеале соодветно да го обезбедат аеродромот и покрај претходните предупредувања за потенцијален напад.

Ихнат се обиде да ја одбрани армијата и ги повика медиумите на умереност, предупредувајќи дека руските извори ги преувеличуваат достигнувањата на Москва „од почетокот на инвазијата“.

„Воздухопловните сили прават сè за да му се спротивстават на непријателот, да го измамат, вклучително и со помош на лажни модели и други средства“, рече тој.

Нагласи дека украинските аеродроми се под постојана закана од руски ракетни и напади со беспилотни летала.

На 16 март Ихнат беше разрешен од позицијата портпарол, но продолжи да работи во воздухопловните сили, пишува Киев Индипендент. Инаку, Русите веќе извршија интензивен воздушен напад на воениот аеродром Мирхород во јуни минатата година.

Прикажи повеќе...

Свет

Силни турбуленции на летот за Уругвај: 30 лица повредени, принудно слетaa во Бразил

Објавено пред

Авионот на „Ер Европа“ за Уругвај го погодија силни турбуленции во кои се повредени 30 лица, поради што принудно слета во Бразил, јавува „Би-би-си“.

dobivaj vesti na viber

Авионот Боинг 787-9 Дримлајнер на „Ер Европа“ летал од Мадрид кон Монтевидео кога се случил инцидентот во воздух, соопшти компанијата.

Летот UX045 на пат кон уругвајската метропола беше пренасочен кон аеродромот Натал во североисточен Бразил, напиша шпанската компанија на „Икс“.

Констатирано е и дека на повредените патници им била укажана помош.

„Нашиот лет за Монтевидео беше пренасочен кон Натал поради силни турбуленции“, објави „Ер Европа“ на својата социјална мрежа.

„Авионот слета нормално, а оние со повреди со различна тежина веќе се лекуваат“.

Според „Ер Европа“, вториот авион требаше да полета од Мадрид подоцна во понеделникот за да ги земе патниците и да продолжи кон Уругвај.

Прикажи повеќе...

Свет

Северна Кореја: Тестиравме нова ракета, може да носи боева глава од 4,5 тона

Објавено пред

Северна Кореја објави дека успешно тестирала нова тактичка балистичка ракета која може да носи супер голема боева глава од 4,5 тона, објави денеска државната новинска агенција КЦНА.

dobivaj vesti na viber

Се наведува дека тестирањето на новата тактичка балистичка ракета, наречена Хвасонгфо-11 Да-4.5, било спроведено со симулирана тешка боева глава за да се потврди стабилноста и точноста.

Државната ракетна администрација ќе изврши уште едно лансирање на ист тип на проектили во јули за да ја тестира „моќта на експлозија“ на супер големата боева глава, соопшти КЦНА.

Хвасонгфо-11 или Хвасонг-11 е серија балистички ракети со краток дострел развиени од Северна Кореја, инаку познати како КН-23 и КН-24.

КН-23 најверојатно е ракета што Северна Кореја и ја испорачала на Русија и ја користела во војната против Украина, според украинските власти кои ги испитуваат остатоците од проектили лансирани од Русија од декември.

Северна Кореја и Русија негираат каква било трговија со оружје, но нивните врски се развија брзо откако нивните лидери се состанаа во септември во Русија за поблиска воена соработка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија29 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е чувар на фотелјата на Заев

Венко Филипче е чуварот на фотелјата на Зоран Заев во СДС. Тоа е општ впечаток во јавноста, па дури и...

Македонија18 часа

По 15 години, Таравари ќе направи нова позитивна листа на лекови штом се назначи нов директор на Фондот за здравство

Нова позитивна листа на лекови и нов закон за лекови најави денес министерот за здравство, Арбен Таравари. Ревидирање на листата...

Македонија20 часа

Да се додаде уште еден предлог кон договорот со Бугарија оти францускиот беше репреговарање, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа причина кон договорот за добрососедство со Бугарија да не се додаде уште еден предлог. Мицкоски...

Македонија20 часа

Таравари за Ахмети: Му посакувам убаво и мирно опозиционерство, се надевам дека ќе расчисти некои кадри, кои му се веќе кородирани

Министерот за здравство Арбен Таравари одговори на вчерашните обвинувања од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека „Влен“станала слуга на ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија21 час

На Табановце и Богородица се чека најмалку 45 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини...

Македонија21 час

Распишан тендер за компресорите, Таравари се надева дека до крајот на годината ќе се реши проблемот со хируршките сали

Почнува да се решава проблемот со хируршките сали, објавен е тендер за компресорите, истакна министерот за здравство, Арбен Таравари. „Се...

Топ21 час

Пукање во Батинци, убиен 34-годишник

Едно лице е убиено во пукањето што се случи денеска во скопското село Батинци. Во Ургентниот центар е пренесено друго...

Македонија23 часа

Филипче: Силно ќе се спротивставам на оние што сакаат да го ослабат СДСМ и да го видат на колена

Новоизбраниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, во обраќањето до сопартијците се заблагодари за дадената поддршка. „Во СДСМ победи професионализмот, емпатијата,...

Економија23 часа

Елена Петрова ја презеде функцијата директор на УЈП

Денеска Елена Петрова формално ја презеде функцијата Директор на УЈП, од Замeник на директорот, Мевљудин Синани. Елена Петрова е професионалец...

Македонија1 ден

Метежот на Табановце е поради зголемениот безбедносен ризик од тероризам во Србија

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека зголемениот временски период на чекање на ГП Табановце, за влез и излез...

Регион1 ден

(Видео) Пожари беснеат кај Атина, изгорени куќи, луѓето бегаат

Пожарникарите се борат со серијата шумски пожари во близина на Атина, а властите стравуваат од многу тешко лето во Грција....

Спорт1 ден

Известувачите од Вимблдон за „Макфакс“ прогнозираат: Синер фаворит, Ѓоковиќ во сенка, кај жените сè е отворено

Од специјалниот известувач од Вимблдон Како и минатите години, така и оваа, известувачот на Макфакс и Топ спорт од Вимблдон,...

Македонија1 ден

Метеж на Табановце и Богородица, се чека најмалку половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија1 ден

Венко Филипче е избран за нов лидер на СДСМ

Венко Филипче, поранешен министер за здравство во владата на Зоран Заев, го презеде раководството и стана нов претседател на СДСМ....

Македонија1 ден

Аврамовска-Мадиќ: 54 отсто од регистрираните членови гласале за претседател на СДСМ

Од вкупно запишаните во избирачкиот список за избор на претседател на СДСМ до 19:45 часот, излегле 12.608 или 54 проценти...

Македонија2 дена

Деспотовски искажа забелешки за одвивањето на изборите за претседател на СДСМ

Кандидатот за претседател на СДСМ Јован Деспотовски по затворањето на избирачките места на вонредните внатрепартиски избори упати благодарност до партиските...

Македонија2 дена

Уште еден хеликоптер на МВР се вклучи во борбата со големиот пожар кај Сушево и Злеово

Поради сериозноста и ризикот од пожарот кај с.Сушево и с. Злеово на гаснењето се приклучи и втор хеликоптер на МВР,...

Македонија2 дена

Аврамовска-Мадиќ за изборот на претседател на СДСМ: До 14 часот, излезени се 6.706 избирачи или 28,61 отсто 

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори избира нов лидер на партијата. Претседателката на Централната изборна комисија за избор на претседател...

Македонија2 дена

Голем пожар кај Василево, се шири кон селата Сушево и Злеово

Пожарот на отворено кој вчера попладне започна на територијата на општина Василево се уште е активен, се разгорува и се...

Македонија2 дена

Филипче: Мирно и со позитивен дух се одвива процесот на гласање на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ

Целокупниот процес на гласање на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ според информациите насекаде низ државата се одвива мирно, има...