Свет
(Видео) Тројца цивили убиени во израелски напад врз Сирија
Сириската државна новинска агенција САНА објави дека сириските воздушни одбранбени системи се спротивставиле на наводна израелска агресија од либанскиот воздушен простор и пресретнале неколку проектили. Тројца цивили се убиени како резултат на наводните израелски напади, а погодени биле станбени згради во населбите Хујеира и Адлија, прецизира агенцијата.
Претходно, непотврдени извештаи сугерираа дека нападите биле изведени на територии во близина на Сајида Заинаб, кои им припаѓаат на либанската милиција Хезболах и иранските сили Кудс. Израелските одбранбени сили (ИДФ) сè уште не го коментирале инцидентот.
Syrian air defense active over #Damascus tonight against reported #Israel|i airstrikes. #Syria pic.twitter.com/JZt3YcFAlT
— Joe Truzman (@Jtruzmah) April 27, 2020
Во регионот често се регистрирани воздушни напади, а за скорешниот САНА извести на 20 април кога сириските системи за воздушна одбрана одвратиле напад на израелските воздушни сили на небото над Палмира соборувајќи неколку непријателски проектили.
Според извештајот на „Џерусалим пост“, воздушниот напад ја таргетирал воената база Тијас на сириските арапски сили, позната и како воздухопловна база Т-4. Меѓутоа, одбранбените сили на земјата не го коментираа нападот во тоа време.
#BREAKING #NOW
The Assad regime agency, SANA, confirms the Israeli attack on the #Damascus area and claims to have responded to a number of these strikes.#Syria #Israel #IDF #IAF #Iran #IRGC #Russia #USA https://t.co/OOiefwKPff pic.twitter.com/9OPgGtRcLm— Eva J. Koulouriotis – إيفا كولوريوتي (@evacool_) April 27, 2020
Дамаск во повеќе наврати го обвини Израел за изведување нелегални воздушни напади врз Сирија барајќи од меѓународната заедница да изврши притисок врз Тел Авив за ова прашање. Израел, пак, презеде одговорност само за некои од овие воздушни напади.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО
Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
„Руската Федерација никогаш не била закана за НАТО. Ние немаме ниту геополитички ниту воени интереси да ги нападнеме земјите од блокот, ние едноставно го штитиме нашиот народ на нашите историски територии“, рече Шојгу на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на Шангајската организација за соработка (SCO) во главниот град на Казахстан, Астана.
Шојгу нагласи дека Русија секогаш вложувала максимални напори за одржување на стратешката стабилност и рамнотежа на силите во светот, пренесува Интерфакс.
Свет
Трамп: Подготвен сум да го обновам конзервативниот сојуз со Орбан
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Во видео пораката Трамп изјави дека со нетрпение очекува блиска соработка со Орбан кога, како што наведе, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесе АП.
Во својата порака Трамп го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.
Свет
Блинкен пристигнува во Израел, седми пат од почетокот на војната
Американскиот државен секретар во вторник ќе го посети Израел, седми пат по нападот на палестински Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше со израелскиот одговор во Појасот Газа.
Јавниот сервис Кан објави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафах, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држеше Хамас.
Блинкен моментално е во посета на Кина.