Македонија
Град Скопје: Изградбата на лифтот во ГТЦ не е во наша надлежност

Град Скопје ги отфрла обвинувањата кои на денешната прес-конференција ги изнесе Ирена Попова, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, а во врска со изградбата на лифтот на влезот во Градскиот трговски центар.
„Сакаме да нагласиме дека изградбата на овој објект не е во надлежност на Градот Скопје, односно, Градот Скопје нема никаква поврзаност со реализацијата на овој проект. Поради тоа, грубите навреди и обвинувања што советничката Попова ги изнесе на денешниот прес се беспредметни и немаат никаква основа. Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се ослободи од старата матрица на размислување и не може да ја види и прифати различноста во водењето на градот и неговите капацитети според новите, чесни стандарди според закон и пропис“, велат од Град Скопје.
Оттука додаваат дека за нив ГТЦ е симбол на модерно, постземјотресно Скопје и споменик на развојот на градот. Поради тоа, велат од градот, надлежните институции треба да направат се овој објект да заживее, да привлече посетители и да си го врати статусот што го имаше до пред само неколку години.
„Тој процес, Градот Скопје го помага исклучиво со активности што се во негова надлежност – се уредува плочникот на влезот на ГТЦ и градскиот плоштад, кој беше еден од најзапуштените простори во централното градско подрачје. Исто така, во соработка со Градскиот трговски центар и со УНДП, еден дел од покривот на ГТЦ кој беше неискористен минатата есен беше уреден во зелена оаза која ќе придонесе за подобрување на квалитетот на воздухот во центарот на градот и за намалување на температурата во топлите летни денови, а на посетителите ќе им овозможи да се релаксираат во пријатно опкружување.
Градот Скопје преку вакви проекти кои имаат големи и далекосежни позитивни придобивки вложува во развојот на Скопје. Така ќе биде и во иднина.
Исто така, тврдењето дека се отстрануваат канделабри од плоштадот „Македонија“ за време на полициски час е лажна вест. Фотографијата што е објавена во медиумите е од минатата година од пречекот на Папата Франциск, кога заради организацијата на настанот неколку канделабри беа извадени, за потоа веднаш да бидат вратени на истото место. Советничката Ирена Попова можела тоа да го воочи на плоштадот од местото каде што држела прес и да види дека канделабрите се на местото за кое таа обвинува дека не се таму“, се додава во реакцијата на Град Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
62 балони летнаа кон небото во знак на сеќавање и почит кон загинатите во пожарот во „Пулс“

Во знак на сеќавање и почит кон загинатите во пожарот од 16 март годинава во дискотеката „Пулс“, попладнево во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани се одржа комеморативен настан што го организираше Општината со подршка на Црвениот крст, како дел од програмата за одбележување на Петровден, празникот на градот.
Со многу емоции, членовите на семејствата на настраданите, облечени во црни маички, два часа ја следеа актерката Наталија Теодосиевска, кочанчанка, која со збор и фотографија ги спомена сите загинати што потекнуваат од Кочани, Оризари и општината Чешиново – Облешево.
Комеморацијата заврши на отворена сцена, на јужната страна од ЦК „Бели мугри“ каде од рацете на деца во воздух летнаа 62 балони со имињата на прерано прекинатите 62 млади животи.
На присутните во салата на кочанската Национална установа им се обрати и Живко Гроздановски, претседател на Друштвото на писателите на Македонија.
Потоа, членовите на семејствата на загинатите во пожарот во „Пулс“ од 16 –ти март, придружувани од граѓани, заминаа на протестен марш во чест на нивните ангели низ улиците на Кочани.
Македонија
Муцунски од „Дубровник Форум“: Во 21-ви век нема место за национализам во Европа

На покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше на 18. издание на „Дубровник Форум“ – меѓународна конференција што се одржува денеска и утре во Дубровник, Република Хрватска.
Фокусот на дискусиите, како што соопшти МНРиНТ, бил ставен на безбедноста на Западен Балкан и процесите на Евроатлантска интеграција.
Министерот Муцунски имал обраќање во рамки на панелот посветен на овие теми, на кој беа разгледани и пошироки прашања како трансатлантските односи, европските предизвици, одбранбените капацитети на Европа и перспективите на Иницијативата „Три мориња“.
На панелот за Западен Балкан биле разменети ставови за напредокот на државите од регионот, значењето на европските и евроатлантските интеграции, како и за актуелните безбедносни предизвици. Учесниците заклучиле дека, во услови на зголемени ризици, е потребен засилен ангажман на меѓународната заедница за зачувување на стабилноста и просперитетот на регионот.
-Случувањата во Европскиот парламент не беа само семантика. Тоа беше политички чин на негирање на идентитетот. И сакам да бидам јасен – национализмот од 19-ти и 20-ти век нема место во Европа на 21-от век. Идентитетот не е прашање за преговори, туку основно човеково право. Добрососедството не подразбира толерирање на провокации. За жал, мнозинството во Европскиот парламент го поддржа ова бришење, но имаше и пратеници кои гласаа против или се воздржаа. Еден од нив е со нас денес. Му благодарам нему и на сите што постапија принципиелно – тоа е доказ дека совеста сè уште постои во европската политика, истакнал Муцунски.
Во своето излагање, министерот Муцунски ја нагласил посветеноста на Република Северна Македонија кон зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот, укажувајќи дека глобалните безбедносни предизвици бараат поголемо внимание од меѓународната заедница. Западен Балкан, поради својата геополитичка положба, претставува нераскинлив дел од европската безбедносна архитектура.
Тој подвлекол дека предвидливите и достижни европски и евроатлантски процеси се потврдени механизми за унапредување на реформите, постигнување на долготраен мир и спречување на негативни надворешни влијанија. Муцунски ја потенцирал и потребата од зајакнување на регионалниот дијалог, соработка и меѓусебна поддршка во интегративните процеси, истакнувајќи дека земјите од регионот имаат заедничка одговорност да ги поддржуваат иницијативите за помирување и решавање на отворените прашања.
Во заклучоците, министерот Муцунски ја нагласил и неопходноста од зајакнување на капацитетите на земјите од регионот за справување со современите безбедносни предизвици, со што ќе се зајакне нивната и отпорноста на целиот регион, како директен придонес кон европската безбедност.
Македонија
Ангелов: Најсериозен е пожарот во дојранското село Николиќ во близина на границата со Грција

Во моментов најсериозен е пожарот во дојранското село Николиќ во близина на границата со Грција. Тоа е пожар кој гори неколку дена. Рано утрово испративме еден армиски хеликоптер, кој прецизно дејствуваше по линијата на пожартот, но, поради ветрот кој постојано го менува својот правец овој пожар беше многу тешко да се стави под контрола, изјави попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Според него, бидејќи е раширен на поголема територија, претставува опасност да ги зафати и околните шуми.
-Во соработка со колегите од грчка страна кои понудија поддршка од два канадери го активиравме Европскиот механизам за цивилна заштита за употреба на овие канадери кои треба да дејствуваат. По потреба на располагање имаме еден полициски и еден армиски хеликоптер, како и два ЕР трактори на ДЗС, затоа што вториот предмалку слета во Скопје, рече Ангелов.
Информира дека предмалку избил нов пожар на територија на Крива Паланка во близина на местото каде беснееше пожарот пред неколку дена.
Во текот на вчерашниот и денешниот ден, како што информира Ангелов, регистрирани се повеќе од 40 пожари на отворен простор.