Македонија
Помпео: Заедно сме со нашиот најнов сојузник и граѓаните на Северна Македонија во борбата со Ковид-19
Претседателот, Стево Пендаровски, во телефонски разговор му се заблагодари на американскиот државен секретар, Мајк Помпео, за честитките за членството на Северна Македонија во НАТО, како и за целокупната американска поддршка и посебно на американската дипломатија, во исполнувањето на оваа стратешка цел.
Во разговорот, од името на граѓаните на Република Северна Македонија и од свое лично име, претседателот Пендаровски изразил и сочувство за смртта на над 50.000 американски граѓани како последица на КОВИД-19 и изразил солидарност со американскиот народ.
„Во тој контекст двајцата соговорници разменија информации за актуелните состојби околу справувањето со пандемијата на КОВИД-19, при што претседателот Пендаровски изрази благодарност до државниот секретар Помпео за досегашната американска помош за справување со вирусот, која изнесува над еден милион американски долари. Притоа, претседателот истакна дека помошта е потврда за солидарноста и пријателството на двете држави во време на сериозни предизвици со кои се соочува целокупното човештво“, се наведува во соопштението.
Помпео на „Твитер“ напиша дека борбата против Kовид-19 е заедничка со Северна Македонија, како најнов сојузник во НАТО.
„Добри вести од денеска. Му честитав на Стево Пендаровски за приклучувањето на Северна Македонија кон НАТО и нивните чекори кон членство во Европската Унија. Заедно сме со нашиот најнов сојузник и граѓаните на Северна Македонија во борбата со Ковид-19“, напиша Помпео.
Some good news today – I congratulated @SPendarovski for North Macedonia joining @NATO and its steps toward EU membership. We stand with our newest Ally and the people of North Macedonia as we battle #COVID19 together.
— Secretary Pompeo (@SecPompeo) April 27, 2020
Како што соопштија од кабинетот на претседателот, Пендаровски во разговорот го информирал државниот секретар Помпео и за последните случувања во регионот, со посебен осврт на прашањето на Косово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

