Македонија
(Видео) Калеска-Ванчева: Во кое својство припадници на специјалната полиција го придружуваа Мицкоски во сала за вежбање?

Неодговорното однесување на Христијан Мицкоски во изминатите 2,5 години се потврди и за време на најголемата пандемија на коронавирусот, изјави Снежана Калеска-Ванчева, координаторка на Форумот на жените на СДСМ, на прес-конференција.
Таа обвини дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести, неоснована паника, а во медиумите се појавија видеоснимки и фотографии, кои покажуваат дека е крајно неодговорен и работи против здравјето на граѓаните.
„Сали за вежбање, фитнес-центри, прошетки на Водно, тоа е фокусот на Мицкоски. Наместо да помогне, Мицкоски одмага, шири лажни вести, дава негативен пример и поттикнува непочитување на мерките за заштита на најскапоценото – здравјето на граѓаните. По објавената снимка од сала за вежбање, односно фитнес-центар, се поставуваат и други прашања. Во кое својство припадници на специјалната полиција го придружуваат Мицкоски во фитнес-центар? Дали, наместо на располагање на граѓаните, Чулев и неговите кадри во МВР се ставени на располагање на Мицкоски?“, праша Калеска-Ванчева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– 09:00 до 11:00 часот, корисниците од С.Чајлане (Општина Сарај);
· Oд 09:30 до 11:00 часот, дел од ул 2 .(Општина Сопиште).
· Oд 09:30 до 11:00 часот, дел од ул 4 .(Општина Сопиште)
· Oд 09:30 до 14:00 часот Рилски Конгрес, Славејско Арсов Христо Чернопов.(Општина Центар)
– Oд 12:30 до 14:30 часот Дел од корисниците на ул. Мечкин Камен ул.Петко Јанчевски од бр.32 до бр,60(Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска, наутро ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Во наредните денови следува период на стабилно и потопло време, освен во четврток кога ќе има локални врнежи од дожд, а на планините снег. Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Од утре до петок посебен режим на сообраќај во Скопје

Во периодот од 09-11.04.2025 година (среда-петок) во официјална посета на Македонија ќе присуствува Уршка Клакочар Зупанчиќ, Претседател на државниот збор на Република Словенија.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.