Свет
Италијанците имаат план за отворање на фабриките, продавниците, кафулињата, но не и за училиштата
Италијанската влада има план да ги отвори фабриките, продавниците, кафулињата, рестораните, па дури и берберниците, но не планира да ги отвора училишта до есен. Милиони Италијанци се многу незадоволни од ова.
„Тоа е комплицирано. Голем е ризикот епидемиолошката крива повторно да скокне ако ги отвориме училиштата“, се обиде да објасни италијанскиот премиер, Џузепе Конте, пред неколку дена.
„Сите студии предупредуваат дека ќе имаме нова експлозија на случаи за една недела или две и не можеме да си дозволиме“, додаде тој.
Сепак, многумина се прашуваат дали навистина нема друга опција.
„Незамисливо е да се рестартира земјата, да се отворат фабриките, работните места и да се испратат родителите на работа, а да ги остават своите деца дома“, смета пратеникот Алесандро Фусачија.
Фусачија, кој беше шеф на кабинетот на поранешниот министер за образование, се прашува зошто опцијата за постепено отворање на училиштата не е разгледана како што тоа го прават другите европски земји.
Во Франција училиштата ќе се отворат постепено во неколку фази почнувајќи од 11 мај. Ќе има максимум 15 ученици во училниците.
Мајка од Рим изјави за ДПА дека е во неволји до гуша поради сегашната состојба.
Додека е на работа, нејзината шестгодишна ќерка е чувана од дадилката, која не ѝ помага со задачите и не ги извршува домаќинските работи.
Таа ја отфрли опцијата да замине на родителско отсуство бидејќи би била помалку платена.
„Мојот поранешен сопруг работи во секторот за туризам и престана да плаќа алиментација во февруари. Не можам повеќе да отсуствувам од работа затоа што едвај ги покривам основните трошоци за живеење“, рече таа.
Владата им обезбеди на семејствата еднократен бонус од 600 евра, а уште еден би можел да се обезбеди со новата владина регулатива.
Министерката за семејство, Елена Бонети, предлага меѓу 80 и 160 евра детски додаток месечно, но не е познато дали владата ќе се согласи со идејата.
Бонети исто така ги охрабрува градоначалниците да ги отворат игралиштата и други јавни места за децата, но притоа да се обезбедат мерки за социјална дистанца.
Во Италија учењето од дома продолжува, а за многу деца не е соодветно поради слабиот пристап до интернет.
„Се обидувате да го слушате наставникот додека го користите мобилниот телефон на чичко ви со скршен екран, позајмувате Wi-Fi од вашиот сосед, слушате куче што лае, брат што плаче или мајка што чисти со правосмукалка“, напиша учителката за основно училиште, Мелина Зербо, во отворено писмо.
Зербо ја нагласува потребата за социјализација и играње со децата и тинејџерите надвор и предупредува на психолошка штета ако се пролонгира нивната социјална изолација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести
Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со протестите вечерва и утре и да ги окупираат централните делови на градовите.
Тој ги повика и работниците во транспортниот, нафтено-гасниот и енергетскиот сектор да организираат национален штрајк. Во пораката до демонстрантите, Пахлави ја пофали нивната „храброст и издржливост“ во изминатите денови.
„Ве молам сите вас денес и утре, сабота и недела (10 и 11 јануари), овој пат, од 18 часот, да излезете на улиците со знамиња, слики и национални симболи и да ги преземете јавните простори како свои. Нашата цел повеќе не е само да излеземе на улиците, целта е да се подготвиме за окупација на градските центри“, рече тој на социјалната мрежа X.
هممیهنان عزیزم،
شما با شجاعت و ایستادگی خود، تحسین جهانیان را برانگیختهاید. حضور دگرباره و پرشکوهتان در خیابانهای سراسر ایران در شامگاه جمعه، پاسخی دندانشکن به تهدیدهای رهبر خائن و جنایتکار جمهوری اسلامی بود. یقین دارم که او این تصاویر را از مخفیگاهش دیده و از وحشت لرزیده… pic.twitter.com/MaQDiwkXRL
— Reza Pahlavi (@PahlaviReza) January 10, 2026
Пахлави оцени дека масовното присуство на улиците ја разоткрило кршливоста на безбедносниот апарат на Исламската Република.
Додаде дека се подготвува да се врати во Иран и ќе биде со народот во она што го нарече неизбежна победа на „националната револуција“.
Европа
Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%
Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека закупот на живеалишта се зголемил за 21,1%, покажуваат податоците на Евростат.
Додека кириите бележат стабилен раст без поголеми турбуленции, цените на становите имале осцилации, со периоди на застој и фази на екстремно брз раст.
Унгарија рекордер по поскапување
Кога се набљудуваат поединечни земји, Унгарија е апсолутен рекордер по поскапување, со раст на цените на становите од 2015 година од дури 275%.
Покрај Унгарија, цените се повеќе од удвоени во уште 11 земји, а на врвот на листата се Португалија, Литванија и Бугарија, каде порастот надминал 150%.
Единствена земја со поевтини станови
Финска е единствената земја каде цените на недвижностите денес се пониски отколку пред десет години, со благо намалување од 2%.
Во наведениот период, зголемување на станарините е забележано во сите членки на ЕУ, а најтешка е ситуацијата во Унгарија, каде кириите се зголемени за 107%, односно повеќе од удвоени.
Висок раст на трошоците за домување е забележан и во Литванија, Словенија, Полска и Ирска, каде станарите се соочуваат со поскапувања од над 70%, објави Евростат.
Свет
(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја
Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како големи и сѐ уште се активни. Над 19.000 домаќинства и објекти се без електрична енергија, јавуваат локалните власти.
Пожарот кај Лонгвуд во централната Викторија сега опфаќа површина од 142.421 хектар.
Портпаролката на Државниот контролен центар оцени дека состојбата во тој регион е „многу динамична“, додека силниот ветер, со удари до 50 км/ч, дополнително ја отежнува работата на пожарникарите.
View from a helicopter of the bushfires near Yea in Victoria, Australia.
Temperatures on Friday and Saturday are forecast to hit record highs for most states and territories, with Victoria and South Australia in particular bracing for dangerous fire conditions due to strong… pic.twitter.com/FOgdxFEVvT
— Massimo (@Rainmaker1973) January 10, 2026
Досега се уништени повеќе од 130 објекти, но се очекува бројот да се зголеми додека спасувачките екипи го проверуваат теренот. Локалните медиуми јавија дека три лица се водат како исчезнати. Квалитетот на воздухот е „лош“ во околу две третини од државата, а делови од чадот стигнале дури и до Нов Зеланд.
😯#Australia gripped by massive fires: Tens of thousands of homes without power, people missing
Australia’s state of #Victoria has declared a state of emergency due to extremely severe bushfires. The emergency measures cover 18 municipalities, as well as one ski resort.
At… pic.twitter.com/LvgDiP2Ys8
— News.Az (@news_az) January 10, 2026
Прогнозите за северниот дел на Викторија предвидуваат температури до 46 степени Целзиусови и силни ветрови.

