Свет
Уапсен сериски убиец во Барселона – до смрт претепал тројца бездомници

Осомничен сериски убиец за кого се верува дека убил најмалку тројца бездомници во Барселона е задржан во притвор, обвинет дека шетал по пустите улици на градот во време на режим на ограничено движење во Шпанија во потрага по немоќни жртви, пренесува РТ.
Осомничениот 35-годишен Бразилец бил уапсен во вторникот на периферијата на Барселона, само неколку часа откако уште една жртва им подлегнала на повредите здобиени во насилничкото претепување. Тој бил идентификуван со помош на сведоци и снимки од безбедносните камери.
„Одделението за криминалистички истраги (ДИЦ) од регионот на метрополитенската полиција на Барселона уапси маж поврзан со смртта на еден човек во округот Ејксампл во Барселона и ја истражува неговата оврзаност со другите убиства што се случија последниве недели “, се вели во соопштението на полицијата.
Сите убиства се случиле околу истата област, недалеку од живописната базилика Саграда Фамилија, главното обележје на градот.
Сите три убиства се случија во период од две седмици, а полицијата забележа шема при убиствата: сите жртви се бездомници и биле претепани до смрт со тап предмет. Полицијата, исто така, го разгледува случајот на четврта жртва, која била избодена до смрт, но за оваа жртва се верува дека е поврзана со тепачка со друг бездомник, јавуваат локалните медиуми.
„Начинот на кој се однесувало ова лице не им оставило на жртвите никаков начин да се одбранат. Насилството е прекумерно и без никаква причина “, вели Јоан Карлес Гранџа, кој ја води истрагата за убиствата.
Гранџа истакна дека осомничениот зборувал малку неповрзано по неговото апсење и дека полицијата не исклучила ментален проблем кај него, а сè уште не е утврдена ни мотивацијата за ужасните претепувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
„Фајненшл тајмс“: Зеленски можно е оваа недела да го посети Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп може да го прими украинскиот претседател Володимир Зеленски оваа недела, објави новинарот на „Фајненшл тајмс“, Кристофер Милер, повикувајќи се на три извори.
Според Милер, средбата би можела да се одржи во петок, на 17 октомври, но други детали засега не се познати.
Двајцата лидери последен пат се сретнаа во септември за време на Генералното собрание на ОН во Њујорк, а во последните денови имале два телефонски разговора, меѓу другото и за можната испорака на американски крстосувачки ракети „Томахок“ на Украина.
Паралелно, украинската делегација предводена од премиерката Јулија Свириденко започнува недела на преговори со американските претставници во Вашингтон.
Свет
Скандал во Индија: Талибански министер не ги повикал новинарките на прес-конференција

Талибанскиот министер за надворешни работи на Авганистан, Амир Кан Мутаки, предизвика бурни реакции во Индија откако на својата прва прес-конференција во Делхи не ги повикал жените новинарки.
Настанот, на кој присуствувале околу 16 новинари, но ниту една жена, предизвика остри реакции од индиските медиумски организации и опозициски политичари. Тие го оценија инцидентот како „отворена родова дискриминација“.
Под притисок на јавноста, Мутаки следниот ден одржа нова, „инклузивна“ прес-конференција, каде изјави дека исклучувањето на жените било „техничка грешка“.
„Настанот беше организиран во краток рок и поканите беа испратени на ограничен список новинари, без никаква друга намера“, рече тој.
Мутаки моментално престојува во Индија на разговори со претставници од Русија и индиската влада, со цел јакнење на дипломатските врски.
Иако се обиде да ги оправда ограничувањата на жените во Авганистан, индиските новинари остро го прашаа зошто девојчињата таму веќе четири години немаат пристап до образование.
Свет
Лавров ги демантира гласините за труење на Башар ал-Асад

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ги отфрли наводите дека Москва наводно се обидела да го отруе поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад, кој доби политички азил во Русија.
Како што објави руското издание Info24, Лавров на средба со претставници на арапските медиуми изјавил дека поранешниот сириски лидер и неговото семејство се наоѓаат во Москва „исклучиво од хуманитарни причини“.
„Тие беа изложени на закани со физичко насилство, па руските власти им овозможија азил. Асад нема никакви здравствени проблеми во нашата престолнина. Труење не се случило, а сите што ги шират тие гласини – нека останат со својата совест,“ изјавил Лавров.
Башар ал-Асад беше претседател на Сирија од 2000 година, а земјата ја напушти откако минатиот декември сириските бунтовнички сили влегоа во главниот град Дамаск.