Економија
СДСМ: Светска банка ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ

Христијан Мицкоски, Трајко Славевски и ВМРО-ДПМНЕ во услови на пандемија со коронавирусот не се откажуваат од намерата да ја манипулираат и ја плашат јавноста зборувајќи за буџетски дефицит, заборавајќи дека токму оваа партија додека беше на власт секоја година планираше и надминуваше превисоки буџетски дефицити, а јавниот долг го зголеми тројно, се вели во реакцијата на СДСМ.
Според партијата, продлабочувањето на буџетскиот дефицит во овој период кога државата неочекувано, како и целиот свет, се соочи со пандемијата од коронавирус е појава која не ја одминува ниту една економија. Но благодарение на навремените и одговорни политики, нашата економија, во споредба со земјите од регионот, ќе претпри најмала штета, а тоа е потврдено и од Светска банка во нивниот најнов редовен економски извештај.
„Со ова и Светска банка ги демантира малициозните манипулации на Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ, која тројно го зголеми јавниот долг додела беше на власт, а сега лицемерно зборува за управување со јавните финансии.
Владата прави максимални напори со директно вбризгување ликвидност во економијата, последиците од оваа корона-кризата да бидат колку може помали. Исплатата на повратот на ДДВ дополнително е динамизирана, исплатите на пензиите и другите социјални трансфери се одвиваат веќе и предвремено, субвенциите за земјоделците се исплаќаат целосно и навремено, а и сите други буџетски трансфери и плаќања се извршуваат во законски предвидените рокови, што е во насока на зголемување на потрошувачката која директно влијае на полнењето на буџетот и растот на БДП.Истовремено Владата предводена од СДСМ за целиот овој период од почетокот на пандемијата активно работи и на прибирање средства со кои ќе биде амортизиран ударот врз приходната страна на буџетот.Граѓаните знаат дека СДСМ и Владата која ја предводи се посветени на создавање решенија за брзо закрепнување од економските последици од коронавирусот, а првенствено на грижата за здравјето на граѓаните.Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да учат како се работи државнички и одговорно во интерес на граѓаните и економијата“, се додава во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,83 % во однос на одлуката од 6.10.2025 година.
Од 14.10.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,661 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,001 ден/кг и сега изнесува 36,661 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,358% и кај дизелот за 2,566%, кај екстра лесното масло за 2,450% и кај мазутот намалувањето е за 0,645%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,5110%.
Економија
Халкбанк со промотивна понуда за потрошувачки кредит

Халкбанк АД Скопје им овозможува на своите клиенти нова можност да ги реализираат своите желби и планови под поволни услови, преку промотивната понуда за Промо потрошувачки кредит, со фиксна каматна стапка за целиот период на отплата.
Новиот производ на Халкбанк е со максимален износ до 2 500 000 денари, со можност за отплата до 120 месеци, и камата што останува непроменета во текот на целиот период на отплата. За кредити со рок до 95 месеци, каматната стапка изнесува 5% фиксна, а за кредити со рок до 120 месеци – 5,7% фиксна, со вклучено осигурување (CPI или Живот + Незгода).
Кредитната способност за вработени лица изнесува до 50% од месечните примања, додека пензионерите можат да користат кредит до 600 000 денари, по фиксна камата од 5%, со рок на отплата до 120 месеци, и кредитна способност до 40% од износот на пензијата.
Покрај поволните услови, Промо потрошувачкиот кредит овозможува висок степен на заштита и сигурност, благодарение на вклучените осигурителни полиси за случај на несреќа, боледување или невработеност, издадени од Халк Осигурување АД Скопје или Триглав Осигурување – Живот АД Скопје.
Со вкупна стапка на трошок (СВТ) од 5,78% за кредити со рок на отплата до 95 месеци и 6,53% за кредити до 120 месеци, оваа промотивна понуда претставува една од најповолните и најсигурни можности на пазарот за реализација на лични цели и финансиски планови.
Промоцијата е со важност до 30 ноември 2025 година.
(ПР)
Економија
МЗШВ: Во четвртиот квартал од 2025 година ќе биде објавен јавниот повик за претприемачите во прехранбената индустрија

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека во четвртиот квартал од оваа година ќе биде објавен Јавниот повик 02/2025 за користење на средства од ИПАРД Програмата 2021-2027, мерка 3 – „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи”.
Оваа мерка претставува исклучителна можност за македонските претприемачи во прехранбената индустрија да ги унапредат своите капацитети и да станат поконкурентни на домашниот и меѓународниот пазар.
Мерката 3 – „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи”од ИПАРД Програмата овозможува финансиска поддршка за модернизација на преработувачките капацитети, инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи, како и усогласување со европските стандарди. Преку оваа мерка се поддржува зголемувањето на конкурентноста на земјоделското производство и земјоделско-прехранбениот сектор во целина.
Средствата за оваа мерка се обезбедени преку Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програмата за периодот 2021 – 2027 година).
Министерството ги повикува сите заинтересирани да започнат со навремена подготовка на потребната документација и да ги следат официјалните објави на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.