Македонија
Еврокомесарот за проширување одржа видеоконференција со министрите од Западен Балкан
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, учествуваше на видеоконференција со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи, заедно со министрите за надворешни работи од земјите во регионот.
Конференцијата се одржа во функција на подготовка на самитот ЕУ-Западен Балкан во рамките на хрватското претседателство на ЕУ, кој исто така, поради настанатите околности наметнати поради пандемијата на Ковид-19, ќе се одржи во форма на видеоконференција на 6 мај оваа година.
На конференцијата се потврди важноста на блиската соработката меѓу ЕУ и регионот во досегашното справување со кризата. Особено внимание во дискусиите на министрите се посвети во планирањето на идните механизми и активности со цел ублажување на сериозните економско-социјални последици од пандемијата на Ковид-19.
Министерот Димитров во своето излагање се заблагодари на досегашната добиена помош од ЕУ насочена кон ургентно справување со здравствените и економските предизвици на земјата. Тој ги истакна и одличната регионална соработка и координацијата во воспоставувањето на т.н. зелени коридори за непречено движење на примарните производи во регионот.
Притоа Димитров истакна:
„Кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19 е тест за европската солидарност и меѓусебната соработка. Од особена важност е координирано и заедничко планирање на сите натамошни активности и пообемна финансиска подршка од страна ЕУ за економско закрепнување и справување со последиците. Притоа исто така важно е што побргу да се продолжи со европската агенда и динамиката на ЕУ-пристапниот процес, кој претставува клучна влечна сила за регионот“.
Од страна на еврокомесарот Вархеи беше реафимирирана подготвеноста за натамошна поддршка и беа претставени двата планирани инструмента: комуникацијата на ЕК за поддршка на Западен Балкан во справувањето со Ковид-19 и постпандемското закрепнување, како и поамбициозниот план, кој ќе биде претставен наесен во форма на поробустен социо-економски пакет, односно т.н. економски и инвестициски план за Западен Балкан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

