Свет
Австралиската полиција уби маж кој со нож нападна луѓе во трговски центар

Хорор во трговски центар во Австралија. Маж со огромен кујнски нож нападнал луѓе и повредил неколкумина, по што полицијата го убила. Инцидентот се случил во трговски центар во Пилбари, во западниот дел од државата, пренесуваат светските медиуми.
Според информациите, петмина луѓе завршиле во болница по нападот, а двајца се во сериозна здравствена состојба.
„Напаѓачот се здоби со рана од куршум од пиштол, веднаш потоа е повикана итна помош. Кратко потоа човекот почина“ рекол портпаролот на локалната полиција.
Еден од сведоците за Еј-би-си изјавил дека кога влегувал во трговскиот центар слушнал два истрели.
„Мислев дека луѓе се тепаат и се удираат со предмети, но тогаш влеговме и видовме како маж лежи на подот а полицајци над него. Тој беше ранет и изгледаше дека е во несвест. Лежеше на грб и се чинеше дека има рана во градите“ рекол сведокот.
Уште една жена рекла дека напаѓачот имал огромен нож и дека прво нападнал жена со мало дете во количка, потоа ја нападнал неа, но таа успеала да побегне на улица. Двајца полицајци слушнале врисоци и го оневозможиле напаѓачот да повреди повеќе луѓе.
Напаѓот бил облечен во работничко одело и носел огромен кујнски нож.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан – конфликт што никогаш не постоел.
Очигледно, тој ја помешал Албанија со Ерменија.
Трамп раскажа дека, наводно, ги довел лидерите на „двете држави“ во својот кабинет и ги натерал да се прегрнат и помират.
„22 години се борев, убивав негови луѓе“, наводно рекол едниот; „Седум години убивав нивни луѓе“, додал другиот.
„Јас им реков: ’Ајде да се прегрнете’. И го решивме проблемот“, изјави Трамп.
Trump confused Armenia with Albania during a Friday interview on Fox News.
“I ended wars that were thought to be unsolvable. Azerbaijan and Albania. It went on for many, many years,” he said. pic.twitter.com/86KJvi17Rm
— NEXTA (@nexta_tv) September 12, 2025
Свет
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се брани со молчење

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, престанал да комуницира со истражителите откако ангажирал адвокат. Деталите од неговиот прв разговор со полицијата се непознати.
„Тајлер Робинсон, човекот осомничен за пукањето и убиството на Чарли Кирк во среда, не разговара со истражителите“, потврдија за „Си-ен-ен“ два извори запознаени со случајот.
Еден од изворите рече дека Робинсон првично комуницирал со полицијата, но набрзо замолчил откако утрово ангажирал адвокат. Засега не е познато што разговарал со истражителите пред да одлучи да молчи.
Свет
Убиецот на Кирк би можел да биде осуден на смрт со стрелање

Властите на Јута ќе бараат смртна казна за 22-годишниот Тајлер Робинсон кој се сомничи за убиството на соработникот на Доналд Трамп, политичкиот активист, Чарли Кирк. Јута е една од петте американски држави кои дозволуваат егзекуција со стрелање.
Можноста за барање најстрога казна претходно ја објави гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, кој изјави дека смртната казна е опција.
Јута, државата каде што се случи пукањето, е една од петте американски држави кои дозволуваат егзекуции со стрелање.