Македонија
Спасовски: Работниците уште еднаш ја покажаа вредноста на трудот и солидарноста
Оваа година Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, празникот на работничките и работниците, го славиме во вонредна состојба заради последиците што ги донесе економско-здравствената криза од коронавирусот, истакна техничкиот премиер Оливер Спасовски.
„Освен здравјето на луѓето, кризата се закани да загрози илјадници работни места и затоа Владата на Република Северна Македонија го стави здравјето на сите граѓани на врвното место во борбата за справување со коронавирусот и веднаш донесе мерки за зачувување на работните места и за безбедноста при работењето.
Вонредната состојба и коронавирусот нема да не спречи да го славиме трудот на работничките и работниците затоа што тие се силата за развојот на нашето општество.
Затоа креиравме мерки кои во врвот на приоритетите ги ставаат одржувањето на работните места и платите на вработените.
Изразуваме наша голема благодарност за придонесот на работничките и работниците и во овие услови да учествуваат во одржливоста на стопанството и виталните дејности на нашата земја. Овој вонреден напор, труд и ангажман на секој работник мора да биде ценет и од работодавците и од државата.
Во име на Владата, им оддавам огромно признание на сите работници во земјата кои уште еднаш ни ја покажаа вредноста на трудот и на солидарноста. Посебна благодарност упатувам на здравствените работнички и работници, како и на вработените во полицијата и армијата, кои од првата линија на справувањето со кризата, ги создаваат условите да го уредиме нашето секојдневие во новата нормала и за напредок на нашата држава. Честит 1 Мај, нека е за многу години!“ порача Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

