Македонија
Пендаровски: Повеќе да ги почитуваме работничките права и да го споделуваме товарот

Претседателот на државата, Стево Пендаровски на сите работници им го честита Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај.
„Денот на трудот, 1 Мај, годинава е под товарот на пандемијата предизвикана од ширењето на коронавирусот во глобални рамки. Но истовремено, овој ден не потсетува дека треба уште повеќе да го вреднуваме вложениот труд на сите коишто придонесуваат во нашето општество. Здравствените работници се деноноќно на своите работни места, како и припадниците на полицијата и армијата. Новинарите и медиумските работници, вработените во продажните и услужните дејности, комуналните работници секојдневно се ангажирани надвор од своите домови. За многумина, работните процеси за првпат се организирани на поинаков начин.
Секој 1 Мај ги одбележуваме и постигнувањата за кои се изборија работниците и синдикалните организации, залагајќи се за пристојни услови за работа и целосно почитување на работничките права. Тешкиот удар врз економијата којшто го нанесе пандемијата е причина повеќе да работиме кон целосно почитување на работничките права, да го споделуваме товарот, како и да покажеме поголема солидарност“ рече Пендаровкси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Три хеликоптери го гасат пожарот кај селата Чучер и Блаце

Утрово трите хеликоптери (два на МВР и еден на АРМ) во 05.00 часот почнаа со дејство над пожарот на територијата на Општина Чучер Сандево, селата Чучер и Блаце, извести ЦУК.
На пожарот дејствуваат и силите на БППЗ на Град Скопје со повеќе екипи и противпожарните возила, ЈКП од Општината, Црвен крст со еден базен од кој хеликоптерите полнат вода, како и тимови со противпожарните возила на ДЗС.
ЦУК е во постојана комуникација и координација со сите надлежни институции на терен.
Македонија
Дел од Сарај и Илинден денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 13:00 часот, дел од корисниците од село Кондово, општина Сарај;
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. 534 и ул. 531 во село Марино, општина Илинден.
Македонија
На Табановце се чека до половина час за влез во државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, времето на чекање за влез во државата е околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.