Контакт

Економија

Ангеловска: Наплатата на приходите во април за 1,4 милијарди денари повеќе од очекуваното

Објавено пред

Наплатата на приходите од почетокот на годината е за 4,9 отсто пониска во однос на минатата година. Согласно основното сценарио на Министерството за финансии за економскиот резултат во 2020 година проектирано е забавување на економската активност за -3,4% со тоа што ефектите од корона-кризата врз економијата, се очекува да бидат најголеми во второто тримесечје, во третото се очекува забавување на контракцијата, додека во четвртото закрепнување на економијата и раст. Ова беше соопштено на прес-конференцијата на министерката за финансии, Нина Ангеловска, и заменик-министерката за финансии, Ширет Елези.

dobivaj vesti na viber

Буџетските приходи во месец април изнесуваат 14,2 милијарди денари, што претставува пад од 20% споредено со април минатата година, од кои даночните се 7,2 милијарди денари или за 31% помалку во однос на лани, додека придонесите се реализирани во износ од 5,5 милијарди денари, што е на исто ниво со лани.

„Со оглед на рестриктивните мерки за заштита на здравјето на граѓаните, запирањето на економските активности или отежнувањето на некои синџири на набавка, падот на приходната страна е очекуван. Сепак, во основното сценарио кое Министерството за финансии го имаше направено на почетокот на корона-кризата, таканареченото поповолно сценарио, проектираниот пад за април е повисок од реализираниот, односно изнесува 40% на даночните приходи. Ова значи дека имаме подобра наплата за 1,4 милијарди денари во однос на корона-проекциите за месец април, односно нашето разработено сценарио може да се каже дека било поконзервативно или претпазливо“, рече Ангеловска.

Најголемо натфрлање има кај данокот на добивка. Од вкупно наплатените приходи од данок на добивка во април кои изнесуваат 1.43 милијарди денари, 790 милиони денари се од уплатен данок на добивка по годишен биланс, што е позитивен податок кој говори за успешните резултати на компаниите остварени минатата година. Придонесите во април не бележат пад, односно се остварени на ниво од минатата година. Што се однесува до расходната страна во месец април, вкупните расходи се реализирани на речиси исто ниво како минатата година, односно со раст од 0.7%.

Тековните расходи се исто така на исто ниво со ланското. Со тоа што кај стоки и услуги се забележува пад од 36,5% споредено со април лани. Кај трансферите има зголемување за 7% главно поради социјалните трансфери, односно зголемувањето на пензиите годинава. Капиталните расходи во април се повисоки за 15,7% во однос на истиот месец лани. Од почетокот на годината, заклучно април, наплатата на приходите во буџетот е за 4,9% пониска во однос на истиот период лани. Наплатата на даночните приходи е за 9,1% пониска во однос на лани, што најмногу се должи на падот на наплатата на ДДВ за 14,6%. Наплатата на придонесите има раст од 9,2% во однос на минатата година.

„Наплатата на придонесите има раст од 9,2% во однос на минатата година, што е показател дека годината почна одлично со раст на вработеноста и платите. Во растот на платите значајна улога одигра и мерката за поддршка на приватниот сектор за покачување на платите која ја искористија над 22.000 компании и ги покачија платите на околу 120.000 вработени. Вкупните приходи се реализирани во износ од 27.3% согласно планот, додека вкупните расходи 30.4%“, рече Ангеловска.

Заменик-министерката за финансии, Елези, одговарајќи на новинарско прашање, посочи дека поради намалената наплата на приходи во буџетот поради корона-кризата, сервисирањето на потребите, но и мерките за поддршка на стопанството, се обезбедуваат средства од меѓународните финансиски институции.

„Се обративме до меѓународните финансиски институции, преку ММФ и Светската банка, кои веќе ни го одобрија првиот пакет на финансиска поддршка. Од ММФ веќе се одобрени и веќе се префрлени средствата од 176 милиони евра, од Светската банка ќе се обезбедат 140 милиони евра, а исто така од Европската Унија ќе се обезбедат 160 милиони евра“, рече Елези.

Во однос на мерките, Елези посочи и дека се одобрени низа кредитни линии преку Развојната банка, Kовид 1 и Kовид 2, односно 631 апликации. Веќе во најава е и третата фаза, како и дека се очекува одобрување на 51 милиони евра преку Европската инвестициона банка, кои ќе се пласираат преку Развојната банка, односно преку комерцијалните банки.

Министерката за финансии, Ангеловска, посочи дека согласно резултатите за март и април, како и проекциите за светките економии и нашите најголеми трговски партнери, веќе е појасна сликата и може да се излезе со проекција за економскиот раст согласно основно сценарио.

„Гледаме дека и многу поразвиени економии како САД, Германија очекуваат значајно забавување на економиите годинава, односно негативен економски резултат. Проекциите на Меѓународниот монетарен фонд за нив се 5,9% и 7% респективно, додека за цела Европска Унија 7,1%. За македонската економија ММФ проектираше 4% на почетокот на април. На крајот на април, Светска банка за земјава проектираше забавување на економската активност помеѓу – 1,4 до – 3,2% од БДП, односно од пооптимистично до понепосакувано сценарио. Основното сценарио на Министерството за финансии предвидува забавување на економската активност за -3,4% со тоа што ефектите од корона-кризата врз економијата, се очекува да бидат најголеми во второто тримесечје, во третото се очекува забавување на контракцијата, додека во четвртото закрепнување на економијата и раст“, рече Ангеловска.

Очекувањата по компоненти на бруто-домашниот производ се дека извозната компонента ќе се намали за 16,8% на реална основа. Здравствените мерки кои веќе делуваат и ќе делуваат на услужниот сектор, транспорт, угостителството, туризам, дејноста „уметност, забава и рекреација“, прометот на трајни добра, но и врз дел од индустриските капацитети и градежната дејност ќе се одразат врз потрошувачката и инвестициите.

Позитивен инпут се очекува да даде јавната потрошувачка главно како резултат на зголемените расходи за здравствениот сектор и се очекува да забележи раст од 2,7%. Увозната побарувачка, во услови на очекуван пад на извозната активност, инвестициите во капитални/трајни добра, како од страна на деловните субјекти така и од домаќинствата, се предвидува да се намали, оттука, нето-извозната побарувачка, во услови на поголемо апсолутно намалување на увозот од извозот на стоки и услуги, делумно го неутрализира негативниот придонес на домашната побарувачка врз економската активност.

Стапката на инфлација во земјата во првиот квартал од 2020 година изнесува 0,6%, што упатува на одредено надолно отстапување во однос на проектираната инфлација. Проекцијата за странската ефективна инфлација во 2020 година е ревидирана во надолна насока. Истовремено, ценовните движења на светските берзи, т.е. увезените цени се очекува да предизвикаат надолен притисок врз домашните цени. Имајќи го ова предвид, како и очекуваниот негативен производен јаз, стапката на инфлација во земјата за 2020 година е проектирана на -0,2%.

Економија

Средба Муцунски – Aзески: Фокус на извозот и економската дипломатија

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работна средба со претставници на Стопанската комора на Северна Македонија, предводени од претседателот Бранко Азески.

dobivaj vesti na viber

На средбата беа разгледани иницијативи и конкретни форми на поддршка за извозно ориентираните компании, вклучително и организација на тематски посети со активно учество на деловната заедница, унапредување на комуникацијата со дипломатско-конзуларните претставништва, како и промоција на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор во државата.

Министерот Муцунски нагласи дека целта на овие средби е директно да се слушнат ставовите и размислувањата на коморите, како и да се добијат конкретни иницијативи за поддршка на компаниите, зајакнување на економската дипломатија и унапредување на извозот, што директно придонесува кон зајакнување на економијата и забрзување на економскиот развој.

Беше потврдена одличната досегашна соработка и изразено заемно задоволство од постигнатите резултати, при што се разговараше и за нејзино натамошно продлабочување, со цел обезбедување конкретни придобивки за компаниите и позитивно влијание врз вкупниот економски развој на државата.

Нагласувајќи ја важноста на дипломатско-конзуларните претставништва и на дипломатската мрежа во целост, претседателот на Стопанската комора истакна дека иницијативите за зајакнување на економската дипломатија доаѓаат во вистински момент, во насока на поддршка на стопанството и економското закрепнување.

На средбата беа разгледани и конкретни иницијативи и настани планирани за наредниот период, како можности за понатамошна соработка помеѓу Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и Стопанската комора.

Прикажи повеќе...

Економија

Мој ДДВ не се укинува – налозите за исплата во февруари се подготвуваат, извести УЈП

Објавено пред

Управата за јавни приходи ги демантира написите во дел од медиумите дека се укинува мерката „МојДДВ“.

dobivaj vesti na viber

„Јасно и недвосмислено истакнуваме дека не постои одлука за укинување на „МојДДВ“ – мерката се спроведува континуирано, а сите граѓани можат да ја користат апликацијата и да ги остваруваат своите права согласно законските одредби. За спроведување на мерката „МојДДВ“ се предвидени средства во Буџетот за 2026 година, со што се обезбедува нејзино непречено и континуирано спроведување“, велат од УЈП.

Во текот на 2025 година за редовна исплата исплатени се 3.458.885.995 денари, што е 56,2 милиони евра средства вратени на сметките на граѓаните по основ на „МојДДВ“.

Гледано по квартали, повратот на средства преку „МојДДВ“ во текот на 2025 година е следен:

•За К4 2024 година (исплата во февруари 2025) исплатени се 870.329.146 денари за 496.442 корисници;
•За К1 2025 година исплатени се 784.442.146 денари за 491.770 корисници;
•За К2 2025 година исплатени се 882.137.038 денари за 503.655 корисници;
•За К3 2025 година исплатени се 921.977.665 денари за 515.182 корисници;
•За К4 2025 година налозите се во обработка и согласно законските одредби исплатата на средства е предвидена за февруари 2026 година.

Во текот на 2025 година беа извршени и дополнителни исплати (од изминатите години) кон корисниците кои немале точни податоци во периодот кога биле редовните исплати:

•За скенирани сметки во 2020 година исплатени се 2.658.049 денари;
•За скенирани сметки во 2023 година исплатени се 7.552.401 денари;
•За сметки скенирани во 2024 година исплатени се 4.076.525 денари.

На сметките на граѓаните во 2025 година по основ на редовна и дополнителна исплата на средства преку „МојДДВ“, исплатени се вкупно 3.473.172.970 денари или 56,4 милиони евра.

УЈП ги известува граѓаните дека веќе ги подготвува налозите за исплата на средства за скенирани сметки во последниот квартал од 2025 година, која треба да се реализира во февруари 2026 година.

„Апелираме граѓаните да не потпаѓаат под шпекулации и да ги следат исклучиво официјалните информации и соопштенија на Управата за јавни приходи. Истовремено, УЈП ја информира јавноста дека апликацијата „Мој ДДВ“ функционира редовно. Во рамки на тековните технички подобрувања на системот, можно е повремено забавување при најавување на апликацијата од страна на корисниците или при вчитување на фискалните сметки. Овие појави се привремени, а надлежните технички служби континуирано работат на нивно отстранување, со цел да се обезбеди подобро корисничко искуство. Со ова уште еднаш потврдуваме дека апликацијата „Мој ДДВ“ останува во функција и не се разгледува нејзино укинување“, се додава во соопштението на УЈП.

Прикажи повеќе...

Економија

Малите и средни претпријатија се ’рбетот на економијата – претставена Националната стратегија за МСП 2025–2030

Објавено пред

Министерството за економија и труд денес ја презентираше Националната стратегија за мали и средни претпријатија 2025–2030, стратешки документ кој ја дефинира насоката за развој, конкурентност и отпорност на малите и средни претпријатија во Република Северна Македонија во наредните години.

dobivaj vesti na viber

Малите и средни претпријатија претставуваат ’рбет на националната економија, сочинувајќи околу 99 проценти од вкупниот број претпријатија и обезбедувајќи егзистенција за речиси три четвртини од вработените. Тие имаат клучна улога во економскиот раст, иновациите и социјалната стабилност на државата.

На настанот, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши истакна дека Стратегијата е повеќе од формален документ и дека таа претставува јасна определба за поддршка на домашните претприемачи.

„Малите и средни претпријатија не се само дел од нашата економија – тие се нашата економија. Секој нивен успех значи посигурна иднина за едно семејство и посилна држава. Со Стратегијата за МСП 2025–2030 создаваме услови тие да бидат лидери на промените, а не нивни следбеници,“ истакна министерот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена

Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за...

Свет26 минути

И Македонија на листата на земји во кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи, според „Фокс Њуз“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја запира обработката на имигрантски визи за апликанти од 75 земји, соопшти во средата...

Македонија2 часа

Филипче: Нема услови за укинување на техничката влада

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција изјави дека укинувањето на техничката влада треба да се случи дури кога...

Македонија4 часа

(Видео) Мицкоски: Техничката влада треба да замине во минатото, но ако СДСМ мислат дека е потребна за следните избори, во ред, прифаќаме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на прес-конференцијата по завршување на лидерската средба извести дека сите присутни се согласиле дека техничката...

Економија6 часа

Мој ДДВ не се укинува – налозите за исплата во февруари се подготвуваат, извести УЈП

Управата за јавни приходи ги демантира написите во дел од медиумите дека се укинува мерката „МојДДВ“. „Јасно и недвосмислено истакнуваме...

Топ7 часа

Загина маж во пожар во стан во Тетово: со изгореници се здобило уште едно лице

Вчера во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улицата „180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост...

Македонија8 часа

Oбјавена листата на најмоќните пасоши за 2026 година: Македонија бележи напредок

Азиските земји продолжуваат да доминираат на рангирањето на најмоќните пасоши во светот, според најновиот извештај на „Henley Passport Index“. Сингапур...

Македонија8 часа

(Видео) Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и...

Македонија9 часа

За новогодишно украсување, општините дале 785 илјади евра – најмногу пари потрошила Општина Штип

За новогодишно украсување, општините потрошиле 785 илјади евра, а 78 отсто од вредноста е концентрирана кај една фирма. Ова го...

Македонија11 часа

Вељаноски за техничката влада: Eксперимент кој предизвикува штета за државата

За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист...

Свет13 часа

Денешниот состанок во Вашингтон ја одлучува судбината на Гренланд

Денес во Белата куќа се одржува состанок кој би можел да ја одреди иднината на Арктикот, но и на самиот...

Свет13 часа

Трамп: Сакам да победам во Иран, обожавам да победувам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе „преземе многу силни мерки“ ако иранските власти почнат да ги бесат...

Македонија14 часа

Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува

Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со...

Свет22 часа

(Видео) Премиерот на Гренланд: Ако треба да избереме помеѓу САД и Данска, ја бираме Данска

Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД....

Европа22 часа

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...

Македонија1 ден

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа1 ден

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет1 ден

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет1 ден

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија1 ден

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...