Македонија
Филипче: Од следната недела ќе почне олабавувањето на мерките
Некои од компаниите се враќаат на работа од следната недела. За нив, веќе се изготвени протоколи за новиот начин на работење со почитување на мерките за заштита од коронавирусот, а министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека на крајот на оваа недела Комисијата за заразни болести ќе ги изготви протоколите за работа на сите компании и институции што сега се затворени.
„Очигледно е дека бројките на пациенти се намалуваат, епидемијата спласнува и тоа особено нè радува и ни дава право да работиме на олабавување на мерките, постепено да се враќаат на работа субјектите што сега се затворени. Се изработија протоколи што се споделија со економските оператори за кои се наменети. За некои од нив стигнати се и нивните мислења, за другиот дел ги очекуваме овие денови. Верувам дека до крајот на оваа недела веќе сите протоколи ќе бидат завршени врз основа на анализите и дека од почетокот на следната недела тие ќе може да се применуваат“, рече министерот Филипче.
Тој денес уште еднаш објасни дека досега Комисијата за заразни болести не разговарала за можен термин за изборите и нагласи дека одлуките не ги донесува под политички притисок или политички интерес.
„Комисијата ќе препорача дали и кога ќе има услови за избори. Кога и да се одржат, ќе мора да бидат според строг протокол од Комисијата. Нема да дозволиме каква било организација која ќе го загрози успешното менаџирање на оваа криза“, рече министерот Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

