Македонија
Прво дезинфекција, па потоа отворање на рестораните
Двете главни мерки кои треба да ги преземат рестораните во кои се служи храна се дезинфекција на опремата и површините каде што се подготвува храна и дезинфекција на целиот објект, извести денеска Зоран Атанасов, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.
„Бидејќи рестораните кои беа затворени не работеа кетеринг и подолг период беа запечатени, ќе ги кажам само главните мерки. Ќе треба да направат повторно чистење и дезинфекција на опремата и површините кои служат за обработка на храна и пред отворањето на рестораните ќе треба да извршат една општа дезинфекција во самиот објект, бидејќи подолго време стоел запечатен, неотворен и не знаеме што се случувало таму“, рече директорот Атанасов.
Во периодот од 27 април до 3 мај Агенцијата направила 154 надзори во повеќе градови во маркети, зелени пазари, месарници и издала 5 казнени едукации за непочитување на правилата за безбедност на храна и 12 решенија за лоша хигиенска состојба. Директорот Атансов извести дека лошите хигиенски услови се најчесто прекршуваното правило.
„Кога зборуваме за добра хигиенска пракса пред сè зборуваме за условите во кои се држат производите и работните површини што ги користат, посебно месарите. Со самата пракса е предвидено на колку време треба да се чистат, да се водат записи, да се врши дезинфекција на самите површини и најчестите отстапувања се во таа смисла. Во секојдневните извештаи од страна на инспекциските служби е констатирано исто така ангажирање луѓе кои немаат завршено соодветни курсеви за безбедност на храна и ангажирање луѓе без санитарни прегледи. Ова не е само поради Ковид-19, тоа е општо поради опасности од другите болести кои може да се пренесат преку храната“, рече директорот Атанасов.
Посебен протокол со безбедносни мерки кои ќе треба да ги почитуваат рестораните за да се спречи можно ширење на коронавирусот треба да биде подготвен и објавен до крајот на оваа недела од Комисијата за заразни болести. Министерот за здравство Венко Филипче најави дека до крајот на неделава ќе биде соопштено и кога ќе почнат со работа рестораните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)
Македонија
Облачно со повремени локални врнежи од снег
Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до 25 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 2 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со пораст на температурите. До сабота ќе се задржи претежно стабилно време, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

