Забава
Маргот Роби учи француски јазик додека е во самоизолација
Австралиската актерка Маргот Роби ќе учи да свири на банџо, а инструктор ќе ѝ биде Маркус Мамфорд, фронтменот на бендот „Мамфорд“.
Маргот, позната по улогата Харли Квин од Suicide Squad („Одред самоубијци“), го купи музичкиот инструмент додека се самоизолира дома среде пандемијата на коронавирусот, а кога своето ново хоби ѝ го откри на актерката Кери Мулиган, таа ѝ ги понуди услугите на сопругот Маркус Мамфорд – фронтмен на британскиот фолк-рок бенд Mumford & Sons – како учител.

Во разговор со Кери за австралиски „Вог“, Маргот рече: „Излегов да си купам банџо! Учам француски и помислив дека сега е право време да земам часови по банџо затоа што отсекогаш сум го сакала тој инструмент“.
Кери одговори: „Јас познавам некој што може да ти дава часови на FaceTime („Фејс тајм“). Тој во моментот многу се досадува и сигурно ќе сака да ти дава часови“.
Додека Маргот (29) се зафати со француски јазик и свирење, Кери, која има две деца со Маркус – Евелин (4) и Вилфред (2), рече дека сака да научи да плете за време на самоизолацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Ана Ивановиќ го честиташе Божиќ: ја покажа и празничната трпеза
Прославената тенисерка Ана Ивановиќ се огласи на социјалните мрежи за да им посака на сите среќен Божиќ, а покажа и како изгледа овој празник во нејзиниот дом.
Убавата Србинка е активна секој ден по разводот од Бастијан Швајнштајгер и стана главна тема и на домашните и на меѓународните медиуми. Нејзиниот „нов живот“, како што многумина го нарекоа, доби сосема нова димензија, а Ана излезе од сето тоа со насмевка и како победник.
„Среќен Божиќ на сите, уживајте во денот со вашето семејство и пријатели! Мир Божји, Христос се роди“, напиша таа во описот на својата објава.
Објавените фотографии ја прикажуваат Ана во совршен празничен стил. Едноставна ролка во најпопуларната боја на оваа сезона – кафеава и потемни фармерки беа нејзиниот избор овој пат, а сето тоа во пакет беше доволно за да го привлече вниманието на голем број луѓе.
Ана Ивановиќ има три сина во бракот со Бастијан Швајнштајгер, а во нејзиниот дом ги слави двата Божиќа поради децата.
Забава
„Ова е лудо“: Бредли Купер за гласините дека правел пластични операции
Познатиот актер Бредли Купер ги демантираше гласините за пластични операции што со години кружат за неговиот изглед. Во гостување во популарниот подкаст SmartLess, 51-годишниот Купер за првпат подиректно се осврна на овие шпекулации, а во негова одбрана застана и неговиот долгогодишен пријател Вил Арнет.
Арнет изјави дека го нервира тоа што постојано се повторуваат тврдењата дека Купер имал естетски зафати, нагласувајќи дека актерот не бил на никаква операција, што го потврди и водителот Џејсон Бејтмен. Купер додаде дека во последните недели сè почесто му приоѓаат луѓе и коментираат дека „изгледа добро“, но оцени дека целата ситуација му е апсурдна.
„Да, луѓето ми приоѓаат во последниве неколку недели… постојано коментираат: ‘О, изгледаш добро!’ Да, но тоа е лудо“, рече актерот.
Гласините повторно се засилија по неговото неодамнешно појавување на црвениот тепих, по кое дел од публиката сметаше дека изгледа поинаку. По објавата на интервјуто од @enews, видеото се прошири на социјалните мрежи, а некои корисници напишаа дека не го препознале, додека други го споредија со Чарли Шин или со двојник на самиот Купер.
@enewsBradley Cooper’s daughter Lea has had filmmaking and movies in her life from the very beginning.♬ original sound – E! News
На TikTok се појавија и споредби со Зак Ефрон, за кого исто така имаше шпекулации за естетски зафати. Дел од коментаторите тврдеа дека неговите очи изгледаат поинаку и шпекулираа за операција на капаците, додека други сметаа дека станува збор за ефект на светлина, шминка, замор, агол на снимање или природни промени поврзани со стареењето.
Фото: Depositphotos
Забава
Што значи ако детето се роди на Божиќ според народните верувања
Децата родени на Божиќ имаат посебно место во народните верувања, бидејќи самиот датум на раѓање носи силна симболика. Според христијанското учење, тие доаѓаат на свет на денот кога е роден Исус Христос, поради што се смета дека се предодредени за живот исполнет со добрина, љубов и светлина.
За родителите, раѓањето дете на Божиќ се доживува како посебен благослов и знак на божја наклонетост. Во народната традиција, ваквите деца често се нарекуваат „дар од Бога“, а нивното раѓање се толкува како дел од повисок, божествен план.
Во согласност со овие верувања, традиционално им се давале имиња со силна симболика, како Богдан, Божидар, Бoжимир или Божица. Денес, почести се имиња како Теодор, Теодора или Доротеја, кои исто така го носат значењето „дар од Бога“. И покрај промените низ времето, симболиката на Божиќ како празник на надеж, љубов и нов почеток останала иста.

