Вести
Напаѓачите од Сан Бернардино биле радикали и пред да се запознаат, планирале и други напади
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/4146425.jpg)
Муслиманската брачната двојка којашто го изведе нападот во калифорнискиот град Сан Бернардино и уби 14 луѓе, била радикализирана и пред меѓусебно да се познаваат, изјави директорот на американското Федерално биро за истраги (FBI), а телевизијата CNN објави дека сопружниците планирале терористички напад уште во 2012 година.
Директорот на FBI, Џејмс Коми, изјави дека 27-годишната Ташфин Малик и нејзиниот 28-годишниот сопруг Саед Ризван Фарук, зборувале за џихадот и мачеништвото уште во текот на онлајн допишувањето кон крајот на 2013 година. Бирото верува дека двојката била мотивирана од странска терористичка организација, но вели дека истрагата сé уште трае. Говорејќи пред Сенатот, челникот на FBI ја карактеризираше двојката како „домашни насилни екстремисти“ и додаде дека вистинскиот карактер на странското влијание доправ треба да се истражи.
Телевизија CNN, пак, наведува дека Фарук имал соучесник кога во 2012 година се подготвувал. Тие избрале место за нападот во Калифорнија, чија локација не се соопштува, но не се осмелиле да го извршат терористичкиот напад. Соговорникот на телевизијата рекол дека Фарук уште во тоа време поседувал огнено оружје.
„Тие се уплашиле“, рекол еден од соговорниците. Според податоците на телевизијата, Фарук и неговиот соучесник се откажел од првичниот план по „серијата апсења по обвиненијата за тероризам“ во тој регион. CNN истакнува дека соговорниците не дале оцена колку сериозни тие закани. Во прилогот, исто така, се истакнува дека Фарук бил задоен со радикални идеи пред нападот врз центарот за лица со хендикеп во Сан Бернардино.
Медиумите во вторникот потврдија дека сопругата на Фарук, Ташфин Малик непосредно пред нападот во Сан Бернардино на Facebook дека од името на двајцата изразила лојалност на екстремната сунитска група Исламска држави, откако претходно беше објавено дека само Малик ја изразила таквата лојалност./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.