Црна хроника
Грк сакал да прошверцува 57 илјади евра
Грк во понеделникот попладне на граничниот премин „Богородица“ се обидел да прошверцува 57 илјади евра, соопштуваат од Царинската управа.
Четворица Грци со автомобил сакале да влезат во Македонија и на цариниците им рекле дека немаат ништо за пријавување.
Но цариниците сепак извршиле контрола на лицата и возилото и кај еден од сопатниците нашле мала чанта и во неговиот личен багаж пронашле 67.200 евра за кои лицето не поседувало никаква документација за потекло.
Согласно Законот за девизно работење 10 илјади евра му се вратени на лицето, а останатите 57.200 евра привремено се задржани.
Против грчкиот државјанин е поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка согласно Царинскиот закон./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две двојно постари лица
Синоќа во градски автобус на подрачјето на Карпош, Н.Ј.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ј.И.(58) и 50 – годишната Л.И., двајцата од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат
Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит Пазар, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница
Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово.
Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентниот центар.
Засега е познато дека зад нападот стои едно лице, но од МВР без детали што претходело и дали двајцата се познавале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.