Црна хроника
Маж од Радовиш jа нападнал мајка си, а потоа и полицајците што дошле да го приведат
Дваесет и шесетгодишник од селото Подареш, Радовишко, ја нападнал својата мајка, а потоа и полициските службеници што пристигнале во семејниот дом за да го приведат.
„Одделението за внатрешни работи Радовиш поднесе кривични пријави против Б. И. (26) од с. Подареш, Радовишко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела телесна повреда и напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста. На 28.4.2020, пријавениот, во куќа во с. Подареш, каде што живее со своите родители, ја нападнал својата мајка А. И., а подоцна ги нападнал и полициските службеници од ОВР Радовиш при неговото лишување од слобода“, информираат од МВР во дневниот билтен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Покрив и кат од семејна куќа изгореа во Струмица
Денеска околу 09:30 часот во пожар изгореа покрив и кат од семејна куќа на улицата „Спиро Захов“ во Струмица, соопштија од ТППЕ Струмица.
Пожарот го гаснеле три против пожарни возила и 10 пожарникари, кои успеале навреме да го локализираат и ликвидираат и спречиле да се прошири и да предизвика поголема штета.
Во пожарот нема повредени лица, а предизвикана е материјална штета.
Црна хроника
На државно земјиште поставил метална ограда во должина од 74 метри
Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на село Могорче за узурпација на недвижности.
– Кривична пријава е поднесена против А.А.(20) од дебарското село Могорче поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности”, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид,
Според него А.А. на државно земјиште во атарот на селото Долно Косоврасти, општина Дебар, неовластено поставил метална ограда во должина од 74 метри и ширина од 21,4 метри и поставил бетонска плоча.
Црна хроника
Дете фатено со марихуана во Карпош
Вчера во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.