Македонија
МТСП: Обезбедени 1.860 пакети со храна за корисници на социјална помош и жртви на семејно насилство
Министерството за труд и социјална политика во соработка со UN Women – тело на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените и финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – Сида, обезбеди 1.860 пакети со храна и хигиенски продукти за оние кои се најсилно засегнати од кризата предизвикана од Ковид-19.
Поддршката е наменета за 368 еднородителски семејства корисници на гарантирана минимална помош, од кои најголемиот процент (95%) се жени; 329 регистрирани жртви на семејно насилство; како и за шелтерите и кризните центри за жртвите на родово-базирано насилство во целата земја. Дистрибуцијата ќе се изврши преку републичкиот Црвен крст и Центрите за социјална работа за да стигне до оние на кои помошта им е најпотребна.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека во околностите предизвикани од глобалната пандемија посветено и сериозно пристапува кон поддршката и помошта на најранливите граѓани.
„Сериозните закани од Ковид-19 бараат континуиран одговор за да ги пресретнеме потребите на граѓаните вклучени во системот на социјална заштита и да им помогнеме полесно да се справат со сите предизвици. Жените и понатаму во најголем дел се одговорни за домашните обврски, грижата за семејството и децата и одржувањето на домот“, велат од МТСП.

Канцеларијата на UN Women во Скопје соопшти дека справувањето со животните трошоци за време на пандемијата се покажа како предизвик, посебно за економско-неактивните жени или фамилии кои живеат со минимални приходи. Кризата донесе потреба за зголемена употреба на средства за лична хигиена, дезинфекција и маски како мерки за заштита. Тоа е посебно тешко за фамилиите кои едвај имаат средства да ги покријат основните трошоци за храна. Затоа, оваа поддршка вклучува храна за домаќинството, хигиенски продукти за семејството, како и хигиенски продукти наменети за жените.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Министерството за здравство ги разгледува можностите и капацитетите за поддршка на Швајцарија за згрижување на повредените од трагичниот пожар
Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на медицинското згрижување на повредените од трагичниот пожар во Кран-Монтана, соопштија од таму.
„Во таа насока, Министерството за здравство веќе постапува во координација со Дирекцијата за заштита и спасување на РСМ, а преку Координативниот центар на ЕУ за одговор на итни случаи (EU ERCC) воспоставен е канал на комуникација и со здравствените власти во Швајцарија.
Воедно, Министерството за здравство изразува искрено сочувство до семејствата на настраданите и најдлабока солидарност со повредените од овој трагичен настан“.
Македонија
Понудена помош за справување со трагичната несреќа: телефонски разговор на Муцунски со швајцарскиот амбасадор Зомер
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која беше активиран европскиот механизам за цивилна заштита, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, по остварена консултација со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и министерот за здравство, Азир Алиу попладнево оствари телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава, Кристоф Зомер.
Во рамки на разговорот, Муцунски изрази искрено и длабоко сочувство до семејствата на загинатите, како и до народот на Швајцарија, упатувајќи желби за брзо и успешно закрепнување на повредените.
Во таа насока, министерот ја изрази подготвеноста на Република Северна Македонија да прифати повредени пациенти, како и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во домашните здравствени установи.
Дополнително, министерот изрази подготвеност, доколку има потреба, македонски лекари – специјалисти, кои беа директно вклучени во лекувањето на пациентите по трагедијата во Кочани, веднаш да заминат во Швајцарија и да се вклучат во процесот на лекување на повредените.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“
Секторот за внатрешни работи информира дека во моментов, повторно е воспоставен нормален сообраќај на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“.
Сообраќајот, сега е нормализиран и се одвива во двете насоки а беше затворен и во целосен прекин, од 30.12.2025 година, поради превртена цистерна на патот.
Од тогаш, сите надлежни служби излегоа на местото на настанот и активно отпочнаа со мерки за утврдување на причините за незгодата и дислокација на превртената цистерна од коловозот.

