Македонија
Градоначалниците се откажуваат од платите
Градоначалниците од владејачкиот СДСМ денеска на социјалните мрежи објавуваат слики од уплатници со кои покажуваат дека од платите за април задржале само 14.500 денари, а останатите ги уплатиле во државниот буџет.
Овој потег функционерите од СДСМ го најавија откако Уставниот суд ја замрзна примената на уредбата со која тие требаше за земат плата од 14.500 денари, а останатите средства да се наменат за справување со кризата предизвикана од коронавирусот.
„Во духот на солидарноста, без оглед на одлуката на Уставниот суд, денес го донирам износот на мојата априлска плата во државниот фонд за помагање на граѓаните за борба против коронавирусот. Верувам дека само со заедништво и солидарност ќе се надмине оваа економска криза“, напиша Саша Богдановиќ, градоначалник на Општина Центар, покрај објавената уплатница на која стои дека во државниот буџет уплатил 44.576 денари.

Уплатница денес објави и градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.
„Денес разликата од мојата плата за месец април до 14.500 денари, во износ од 53.716 денари ја донирав во Фондот за борба против Ковид-19. Да им помогнеме на тие на кои нашата помош им е неопходна. Сега солидарноста ни е најпотребна.Зборот е збор!“, објави велешкиот градоначалник Коцевски.

Во вторникот минатата недела Уставниот суд одлучи да поведе постапка за преиспитување на уставноста на Уредбата која пропишуваше функционерите да земат плата од 14500 денари и наложи да се замрзне примената на Уредбата.
По одлуката на Уставниот суд за непримена на уредбата, функционерите од СДСМ најавија дека самоиницијативно ќе ги намалат платите, а средствата ќе ги отстап за борба против коронавирусот и кризата што ја предизвика.
Уредбата за намалување на платите на функционерите Владата ја донесе на 11 април. Со нејзината примена беше предвидено за два месеца да се обезбедат 3,9 милиони евра во буџетот на државата кои требаше да се наменат за справување со кризата предизвикана од коронавирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

