Македонија
Први со работа ќе почнат едукативните институции и оние што работат со шалтерски систем
Ако трендот и во текот на утрешниот ден покажува намалување на бројот на новозаразени, како што беше во последните две недели, ќе биде препорачано отворање на институциите, но постепено, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој рече дека први што би почнале да функционираат би биле оние што организираат едукации, курсеви, како и автошколите. Освен тоа, приоритет ќе бидат и сите оние што може да воспостават шалтерски систем на функционирање, односно таму каде што може да се дозволи воспоставувањето ред, физичка дистанца и носење маски. Во овој дел влегуваат и обложувачниците.
Во однос на спортовите, пак, министерот за здравство рече дека првин се размислува да се дозволат индивидуалните спортови.
„Сите овие предлози ќе се разгледуваат утре и ќе бидат предложени до Централниот штаб на Владата, па доколку бидат усвоени, ќе излеземе со повеќе детали“, рече Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

