Спорт
Почина Ел Тринче Карловиќ, најголемата „урбана легенда“ на аргентинскиот фудбал
Томас Фелипе „Ел Тринче“ Карловиќ, легендарниот аргентински фудбалер и според Диего Марадона „најдобриот во историјата“ почина во болницата во Росарио, откако во средата беше нападнат од крадец кој го украл неговиот велосипед.
74-годишниот Карловиќ беше секогаш почитуван од Сезар Луис Меноти, Хозе Пекерман, Марсело Биелса, а Диего Марадона изјави дека само тој бил подобар фудбалер од него, но легендата за „најдобриот“ стана вистинска урбана легенда во Аргентина, бидејќи тој никогаш не стана славен, ниту заработи пари од фудбалот.
Син на хрватски имигрант, тој живееше до крајот на својот живот во сркомната куќа каде што беше најмлад од седум браќа. Легендата за него се прошири по пријателскиот меч помеѓу тим на фудбалери од Росарио и аргентинската репрезентација која се подготвуваше за пат на Светското првенство во 1974 година. Кога локалниот тим победи со 3:0, легендата велеше дека селекторот молел да се тргне од теренот бидејќи ги понижувал. Кога го повикале во репрезентацијата во 1978 година, тој одби и изјави дека мора да оди „по риба бидејќи нивото на реката е одлично“.
⚫️ Muere 'el Trinche' Carlovich tras el golpe que recibió en la cabeza para robarle la bicicleta. DEP https://t.co/eO07dofswO
— MARCA (@marca) May 8, 2020
La ciudad entera te despide, querido amigo, con pena y bronca…
Justicia para el Trinche y para todas las víctimas de la inseguridad. Un abrazo a la distancia a la familia. pic.twitter.com/MW0sKn4rvK— pablo javkin (@pablojavkin) May 8, 2020
Luego de la noticia de su fallecimiento en la mañana de hoy, varias personalidades del fútbol y clubes hicieron mención al legendario futbolista rosarinohttps://t.co/y4q4y9J3OF
— TyC Sports (@TyCSports) May 8, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Спринтот во Бразил за Норис, нова катастрофа на Пјастри
Возачот на Мекларен Ландо Норис е поденик во спринт трката која се возеше во рамките на Големата награда на Бразил. На патеката Интерлагос во Сао Паоло, Норис победи пред возачите на Мерцедес, Андреа Кими Антонели и Џорџ Расел. Катастрофа доживеа Оскар Пјастри, кој излета од патеката во шестиот круг и остана без бодови.
Нов триумф за Ландо Норис, нов неуспех за Оскар Пјастри и зголемување на предноста во бодовите. И тоа за огромни осум бода, бидејќи Норис ја однесе победата во спринтот во Интерлагос за Големата награда на Сао Паоло, неговиот колега од Мекларен и главен кандидат за титулата испадна.
Стартот не го донесе очекуваното возбудување. На врвот, само Макс Ферстапен си обезбеди позиција со престигнувањето на Фернандо Алонсо на петтото место, а најдобар старт имаше Луис Хамилтон кој напредуваше за три позиции и заврши на осмото место.
Првото големо возбудување се случи во шестиот круг. Оскар Пјастри се излизга и излета од патеката. Мораше да се повлече и претрпе уште еден удар врз своите шампионски амбиции.
Покрај Пјастри, Хилкенберг и Колапинто се судрија, поради што беше истакнато црвено знаме. За разлика од Пјастри и Колапинто, Хилкенберг се врати на патеката.

Рестартот исто така не донесе ништо големо. Ландо Норис ја задржа првата позиција пред тандемот на Мерцедес, Кими Антонели и Џорџ Расел, кои се обиде да го престигне својот колега, но без успех.
На крајот, Кими Антонели покажа својата амбиција и да победи. Стигна до помалку од една секунда од Норис, но и со DRS сепак не успеа. На крајот, редоследот на подиумот беше ист како оној на рестартот: Норис, Антонели, Расел.
Третиот претендент за титулата, актуелниот шампион Макс Ферстапен, мораше да се задоволи со четвртата позиција.
Лесно можеше да ја изгуби и таа кога направи грешка по рестартот, Фернандо Алонсо жестоко го нападна, но Холанѓанецот сепак се одбрани.
Тандемот на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон, водеше голема битка со Фернандо Алонсо и на крајот ги зазедоа петтата и седмата позиција, додека Алонсо се најде помеѓу возачите на Ферари. Пјер Гасли беше последен што освои поени.
Ландо Норис е лидер со 365 поени, Оскар Пјастри има 356, а Макс Ферстапен сега има 326. До крајот ќе се возат уште четири трки.
Утре се вози Големата награда на Бразил, по што следуваат Лас Вегас, Катар и Абу Даби.
Спорт
(Видео) Јунајтед водеше до 83-та, па спаси бод во 96-та минута
Фудбалерите на Тотенхем и Манчестер Јунајтед ремизираа 2:2 во Лондон, во рамките на 11-то коло од Премиер лигата.
Јунајтед беше подобар во првото полувреме, поведе, но падна во вториот дел од натпреварот, Тотенхем ја презеде иницијативата и дојде до пресврт, на крајот во последните секунди Јунајтед сепак дојдоа до еден бод.
Домашниот тим немаше ниту еден шут кон голот во првиот дел од играта, а Јунајтед ја искористи единствената вистинска можност да поведе.
Се играше 32-та минута кога Брајан Мбеумо го искористи додавањето на Амадо Дијало и постигна гол за водство на гостите од 1:0.
До полувремето немаше промена на резултатот, а во вториот дел од натпреварот, Тотенхем беше тој што го контролираше темпото.
Веќе во 54-та минута, Кристијан Ромеро имаше добра шанса, но голманот на Јунајтед успеа да го одбрани неговиот удар. Само три минути подоцна, Жоао Палиња можеше да погоди, но Сене Ламенс повторно ја спаси својата мрежа.
Тотенхем ја затресе мрежата, поточно Бренан Џонсон во 63-та минута, но судијата го го поништи голот поради офсајд.
Беше мирно до 84-та минута, кога Матис Тел успеа да ја погоди мрежата на Ламенс за 1:1, по асистенција на Дестини Удоји.
Во првата минута од судиското продолжение, Тотенхем постигна уште еден гол. Бразилецот Ришарлисон постигна гол по додавање од Вилсон Одобер за 2:1. Токму кога се чинеше дека тимот од Лондон ќе ги освои сите три бода, следеше голот на Јунајтед, во последните секунди од натпреварот, Матијас де Лихт постигна гол по додавање од Бруно Фернандес за конечни 2:2.
Спорт
Тудор добил понуда за работа Англија
Игор Тудор пред десет дена доби отказ во Јувентус, а веќе добил понуда за нова работа.
Според медиумите на Англија, Тудор добил повик од Вулверхемптон, кој неодамна го отпушти Витор Переира.
Главен ривал на Тудор за работата ќе биде уште еден поранешен тренер на Јувентус, Тијаго Мота. Интересно е што двајцата се уште прмаат плата во Јувентус. Тоа ќе биде така се додека не најдат клуб.
Мота има договор до 30 јуни 2027 година, вреден околу 5,5 милиони евра по сезона, на што треба да се додадат уште два милиони бруто за неговиот тренерски персонал.
Договорот на Тудор е малку помал, а неговата вкупна бруто цена за Јувентус е приближно половина од онаа на Мота, односно околу осум милиони евра.
„Волците“ се најлошиот тим во Премиер лигата оваа сезона, со само два освоени бода и без ниту една победа во првите 10 кола.

