Регион
Во Албанија само шест новозаразени со коронавирус
Во последното деноноќие во Албанија регистарани се само шест новозаразени со Ковид-19, изјави Марјета Дервиши од Институтот за јавно здравје.
Ова е најмала бројка од појавата на пандемијата во земјата.
Вкупната бројка на заразени изнесува 856 лица, а досега оздравеле 627 пациенти.
Активни се 198 случаи, а само околу 15 отсто се третираат болнички, додека другите се со лесна форма, се лекуваат во домашни услови и нивната состојба ја следат матичните лекари.
Во Албанија досега направени се 10.543 тестови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Дрво падна врз пешак во Бања Лука: тој само замина
Исто како и во Хрватска и денеска има силно невреме во повеќето градови во Босна и Херцеговина, а еден од градовите каде снегот ги покри улиците е Бања Лука.
Како што објави „Klix.ba“, таму е снимена ситуација каде поради снегот, дрво паднало на тротоарот, токму врз пешак кој стоел таму.
На видеото може да се види како пешакот, најверојатно без поголеми повреди, излегува од под гранките кои го покривале и продолжува да оди.
Регион
(Видео) Граѓаните на протестен марш во Загреб: „Нападот врз вас е тероризам, а нападот врз децата е инцидент“
Бројни граѓани учествуваа на протестниот марш „За безбедно училиште“, кој започна во 18 часот во Загреб, за да укаже на важноста на безбедноста во училиштата по трагичниот настан што се случи во петокот во основното училиште Пречко.
Како што информираат регионалните медиуми, најавен е и собир и палење свеќи пред сите училишта во Хрватска. Тие ги повикаа сите да им се придружат – родители, наставници, граѓани.
„Сакаме да бидеме светлина на општеството, а не да носиме свеќи“, „Кога една мајка плаче, сите мајки плачат“, „Учителка – храброст“, „Се ни земавте, децата нема да ви ги дадеме “, „Напад на вас е тероризам, а нападот врз децата е инцидент!“, „Удобни фотелји – крвави училишни клупи“, беа дел од транспарентите што ги носеа дел од учесниците.
Организатори се три образовни синдикати – Хрватскиот наставнички синдикат, Препород и Самостојниот синдикат на вработените во средните училишта, кои потенцираат дека безбедноста во училиштата е заедничка цел и дека е неопходно да се подигне, а маршот го поддржаа и 50 здруженија и мрежи.
Повод беше трагичниот настан кој се случи на 20 декември, кога деветнаесетгодишник влегол во основното училиште Пречко и со нож нападнал наставничка и неколку ученици. Во нападот загина едно дете, а ранети се три деца и наставничката.
„Ако нешто може да ја подигне оваа нација, тоа е голема неволја. Сите кои сочувствуваат со жртвите ќе бидат со нас вечерва. Сакаме да испратиме порака дека овој проблем мора да се реши“, изјави Жељко Стипиќ, претседател на Самостојниот синдикат на науката и високото образование за „Индекс“.
Регион
Поради снег десетици илјади корисници без струја во Босна и Херцеговина, екипите на терен од рано наутро
Обилните снежни врнежи кои денеска ја зафатија Босна и Херцеговина предизвикаа големи проблеми во електродистрибутивната мрежа, па десетици илјади корисници се без струја, потврдија дистрибутивните компании во Босна и Херцеговина.
Електропривреда БиХ, чие седиште е во Сараево, објасни дека во текот на утрото дури 180.000 нивни корисници останале без струја, главно во областа на округот Унско-сана, каде што наставата во сите училишта морала да биде откажана.
Иако сите расположливи екипи беа на терен од утринските часови, до 12 часот успеаја да обноват само две третини од оштетената дистрибутивна мрежа.
Најпогодени корисници беа во Бихаќ, Босанска Крупа, Чазин, Сански Мост и Велика Кладуша.
Слична беше ситуацијата и во округот Тузла, каде што поширокото подрачје Челиќ, Градачац и Грачаница остана без струја.