Црна хроника
Кривична против битолчанец за даночно затајување

СВР Битола поднесе кривична пријава против 44-годишниот З.Р. од Битола и против правниот субјект „Колега“ ДООЕЛ Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.
Пријавениот како управител на правниот субјект „Колега“ ДООЕЛ Битола во периодот од 01.01.2013 до 31.01.2016 година, со намера да одбегне плаќање на данок на добивка, персонален данок на доход и данок на додадена вредност во книговодствената евиденција прикажал лажни податоци за остварени приходи и залихи на стока со што затаил вкупно 4.115.276 денари.крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Изгоре автомобил во скопски Центар, нема повредени

Утрово во 03.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, било опожарено патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.С.. Повредени нема, а Бригадата за противпожарна заштита на Скопје го изгасила огнот.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
топ-тема
Повреден полицаец на мотоцикл кој бил на задача, во Чаир во него удрил 34-годишен скопјанец

Полицаец на мотоцикл е повреден синоќа во сообраќајна незгода на крстосницата на улиците Џон Кенеди и Благоја Паровиќ во скопски Чаир.
„Во 21.45 часот во СВР Скопје била пријавена сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ’сеат’ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(34) од Скопје и мотоцикл ’хонда’, сопственост на МВР, управуван од полицискиот службеник Љ.С. (кој извршувал работни задачи). По судирот мотоциклот излетал надвор од коловозот и удрил во паркирано патничко возило ’пежо 308’. Во несреќата со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градска општа болница ’Св.Наум Охридски’ во Скопје“, извести МВР.
Извршен е увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а известен е и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР.
Црна хроника
На Блаце уапсен Албанец баран од германскиот Интерпол

Полицијата вчера приведе 31-годишен Албанец баран со потерница од германскиот Интерпол.
„На 10.05.2025 во 18 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Л.А.(31) од Р.Албанија, затоа што при гранична контрола било констатирано дека евидира со мерка ’апси’ по барање на Интерпол-Германија“, соопшти полицијата.
Уапсениот е задржан во полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.