Спорт
Хидинк: Мислам дека мечот Челси-Барселона беше наместен (Видео)

Пред 11 години ан „Стенфорд Бриџ“ се одигра еден од најконтроверзните натпревари во историјата на Лигата на шампионите. Барселона во полу-финалните реванш го елиминираше Челси со голот на Андрес Иниеста постигнат во 94 минута.
На 6 мај 2009 година судијата од Норвешка Том Хенинг Овребо тешко го оштети Челси, тој не досуди пет пенали на „сините“ кои тогаш ги предводеше Гус Хидинк.
Инаку Овребро неколку години подцна признал дека „направил неколку кобни грешки“, правдајќи се дека такви работи се случуваат во фудбалот.
„Тоа беше најлошото судење то некогаш сум го видел. Судијата ме изненади бидејќи во минатото имаше совршени мечеви“, рекол Хидинк за „Зигоспорт“.
Славниот тренер се сомнева во регуларноста на тој натпревар и намерите на УЕФА.
„Тоа е единствениот случај за кој мислам дека натпреварот беше наместен. Манчестер Јунајтед веќе беше во финалето. УЕФА не сакаше да има исто финале како и сезоната претходно. Немам докази но се тоа е многу, многу сомнително. Уште сул лут“.
Сезона претходно Манчестер Јунајтед на пенали во Москва го порази Челси во финалето, а во 2009 година Барселона во Рим го победи Јунајтед со 2:0.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Фабио го изедначи неверојатниот рекорд на Питер Шилтон
Голманот на Флуминензе, Фабио (44), го израмни рекордот на Англичанецот Питер Шилтон по број на официјални натпревари во машкиот фудбал. Во саботата, во победата на неговиот тим против Форталеза со резултат 2:1, тој го одигра 1.390 натпревар во кариерата. .
Оваа бројка, објавена од Флуминензе, ја потврди и бразилскиот медиум „Глобо Еспорте“.
„Бог ми го даде овој дар“, изјави Фабио за „Глобо“. „Морам да им се заблагодарам на сите што беа дел од мојот живот: моите родители, сестрите, пријатели, сопругата… Се обидувам да бидам добар човек. Најважно е да им помагам на моите соиграчи. Благодарен сум – но без Бога, ништо не би било можно. Овие натпревари се тешки, играме против многу силни тимови. Секогаш се бориме за да ја постигнеме целта – а тоа се титулите.“
Во својата 28-годишна професионална кариера, бразилскиот голман бранеше за: Униао Бандеиранте (30 натпревари), Васко да Гама (150), Крузеиро (976) и Флуминензе (234).
Фабио би можел да го престигне Шилтон веќе во вторник, ако брани за Флуминенсе против колумбискиот клуб Америка де Кали, во реваншот од осминафиналето на Копа Судамерикана.
Бидејќи е стандарден голман на Флуминенсе, се очекува да игра и со тоа да стане апсолутен рекордер.
Поранешниот англиски голман Питер Шилтон (75), кој бранеше од 1966 до 1997 година, призна во 2023 година дека Фабио се приближува до својот рекорд и рече дека ќе биде првиот што ќе му честита ако го престигне.
Патем, бројката од 1.390 натпревари е спорна. Гинисовата книга на рекорди и многу веб-страници за статистика ја наведуваат точно таа бројка, но самиот Шилтон тврди дека има 1.387 натпревари во кариерата.
Разликата доаѓа од фактот дека Гинис брои 16 неофицијални натпревари што Шилтон не ги признава, додека тој брои 13 натпревари за младинската репрезентација на Англија (У23), кои не се сметаат.
Спорт
Јунајтед и Рома се договорија, сега Санчо треба да ја договори платата со „волчицата“

Манчестер јунајтед се согласи да го продаде Џејдон Санчо во Рома за 23 милиони евра, но англискиот репрезентативец сè уште не ги договорил финансиските услови, ќе мора да прифати намалување на платата.
Италијанските медиуми објавија дека клубовите постигнале договор за позајмица со обврска за откуп на договорот од 23 милиони евра.
Јунајтед е заинтересиран да го продаде Санчо, чиј договор истекува следното лето, но големиот проблем е платата на 25-годишникот од 15 милиони евра по сезона.
Со оглед на тоа дека ова е далеку над можностите на Рома, клубот му предложи на Санчо да потпише петгодишен договор за да ја распредели својата плата.
Санчо би заработувал околу 4,5 милиони евра по сезона на Олимпико плус бонуси.
Јувентус и Бешикташ се исто така заинтересирани за Санчо.
Санчо ја започна својата кариера во Борусија Дортмунд, од каде што се пресели во Манчестер јунајтед во 2021 година. Тој беше отстранет од тимот во септември 2023 година поради недостаток на посветеност и недисциплина, а вториот дел од сезоната го помина на позајмица во Дортмунд.
Минатата сезона играше на позајмица во Челзи.
Спорт
Елмас на радарот на клубови од Италија, Турција и Англија

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, до крајот на преодниот рок ќе го напушти Лајпциг. Елмас, вториот дел од сезоната го мина на позајмица во Торино. Лајпциг за неговите услуги бара околу 20 милиони евра.
Најреално во овој момент е Елмас да се врати во Италија. Торино сака да го откупи од Лајпциг, но не и да плати 20 милиони.
Проблем со финансиите нема поранешниот клуб на макеоднскиот репрезентативец, Наполи. Засега актуелниот италијански шампион важи за најголем фаворит за неговиот потпис.
Фудбалскиот инсајдер Екрем Конур, тврди дека покрај Наполи и Торино, интерес за 25-годишникот покажале Бепикташ и Вест Хем.
Foto/ EPA/ELISABETTA BARACCHI