Свет
Шведска призна дека не ги заштитила доволно постарите лица од вирусот

Шведска, чиј поинаков пристап кон пандемијата го привлече меѓународното внимание, признава дека не ги заштитила соодветно постарите лица затоа што речиси сите смртни случаи поврзани со Ковид-19 во земјата биле во старски домови.
Во шведските медиуми има многубројни написи за вработените во старски дом кои продолжуваат да работат и покрај недостигот на заштитна опрема. Сепак, некои одбиле да дојдат на работа поради што се јавил недостиг на персонал во домовите. Други, пак, признале дека одат на работа и покрај симптомите на коронавирус, а некои штитеници наводно биле заразени додека ги посетувале болниците поради други проблеми по што биле вратени во домовите, каде што, не знаејќи, го ширеле вирусот.
Во Шведска, земја со 10,2 милиони луѓе, повеќе од 26.000 луѓе се заразени, а повеќе од 3.200 починаа. По избувнувањето на епидемијата, надлежните соопштија дека приоритет е заштитата на постарите од 70 години. Сепак, повеќе од 90 проценти од смртните случаи се лица над 70 години. Половина од нив биле жители на домови за стари лица и немоќни, а една четвртина од оние што починале добиле здравствена заштита во својот дом, покажуваат податоците на шведскиот Национален одбор за здравство и социјална заштита.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена за директни разговори со Русија по прекинот на огнот
„Подготвени сме да седнеме во кој било формат“, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифинг.
Да потсетиме дека вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Киев.
Во изјавата за новинарите, Путин рече дека би било можно директно да се разговара со Киев за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура.
„Имаме позитивен став кон прекинот на огнот“, рече Путин, мислејќи на одлуката на Русија да спроведе изненадувачки 30-часовен Велигденски прекин на огнот.
Свет
Трамп разговараше со Нетанјаху: На иста страна сме за сите прашања

3Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска соопшти дека разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, нагласувајќи дека тој е на иста страна за сите прашања со него.
„Разговаравме за многу теми“, напиша американскиот претседател на социјалните мрежи. Тој додаде дека „телефонскиот повик поминал многу добро“.
Трамп и Нетанјаху се сретнаа двапати во Белата куќа од почетокот на мандатот на Трамп и се верува дека Нетанјаху е повеќе за политиката на Трамп отколку за администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден
Свет
Објавени последните зборови на папата

Последните зборови на папата Франциско беа благодарност до неговиот здравствен асистент кој му помогна да ги поздрави верниците на плоштадот Свети Петар на Велигден, соопшти Ватикан.
„Ви благодарам што ме доведовте на плоштадот“, му рекол Франциско на Масимилијано Страпети, кој во изминатиот период му обезбедуваше 24-часовна нега на папата.
Папата Франциско (88) почина вчера по мозочен удар и срцева слабост. Претходно оваа година, тој помина пет недели во болница со двојно воспаление на белите дробови, но се врати во Ватикан пред речиси еден месец и оттогаш се чинеше дека се опоравува.
Последните денови ги поминал работејќи, спротивно на советите на лекарите кои го советувале да мирува најмалку два месеци за да му овозможи на телото да закрепне.
Погребот на папата ќе се одржи в сабота.