Вести
Џеб Буш влегува во претседателската трка во САД

Поранешниот гувернер на американската сојузна држава Флорида, Џеб Буш, на 15-ти јуни конечно ќе објави дека влегува во трката за републиканската претседателска номинација за изборите во 2016 година, пишуваат тамошните медиуми.
Шеесет идвегодишниот Џеб Буш е син и брат на двајца поранешни американски претседатела, односно Џорџ Х.В. Буш – постариот (41-от претседател на САД, од 1989 до 1993 година) и Џорџ В.Буш – помладиот (43-от претседател на САД во двата мандата од 2001 до 2009 година). Тој на Twitter напиша дека на 15-ти јуни ќе соопшти важна одлука., Буш тогаш ќе има излагање на колеџот во Мајами, откако ќе се врати од европската турнеја по Германија, Полска и Естонија.
Џеб Буш долго време водеше во анкетите како најпосакуваниот претседателски кандидат на Републиканската партија на претседателските избори во 2016 година, но полека неговото водство го намалува гувернерот на Висконсин, Скот Вокер, чие влегување во трката се очекува да биде објавено за неколку седмици.
Буш го очекува предизвик и во неговата матична држава Флорида, од која младиот и популарен сенатор Марко Рубио веќе влезе во трката за партиската претседателска номинација и токму нему му порача дека на партијата ѝ е потребна нова генерација челници. Во трката за републиканската номинација, инаку, веќе се влезени десет политичари.
Во рамките на Демократската партија, пак, ги има четворица, меѓутоа како најголем фаворит се истакнува поранешната прва дама и државен секретар Хилари Клинотн, која воопшто и се смета за најсериозна наследничка на актуелниот претседател Барак Обама во Белата куќа.
Во средата телевизиската мрежа CNN обајви анекта во којашто, меѓу другото, беше забележливо дека меѓу петтемина последни претседатели на САД, особено се истакнуваат републиканецот Џорџ Х.В. Буш (постариот) и демократот Бил Клинтон. И двајцата уживаат 54 отсто доверба.
Овие податоци добиваат на важноста со приближувањето на претседателските избори во 2016 година, во коишто овие две семејства најверојатно повторно ќе имаат главни ролји, преку Хилари Клинтон и Џеб Буш./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.