Македонија
Мицкоски бара да се исполнат четири услови за да има избори
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, соопшти дека неговата партија има четири услови кои треба да бидат исполнети за да се одржат предвремените парламентарни избори. Според него, на лидерската средба бил реафирмиран ставот дека датумот за избори треба да се одреди консензуално.
„Имајќи предвид како се одвиваше дискусијата, во еден момент предложивме план како да дојдеме до кредибилен изборен процес, а притоа здравјето на граѓаните да не биде загрозено, граѓаните да не бидат изложени на вирусот Ковид-19, а со тоа да ги заштитиме што е можно повеќе човечките животи, а воедно, да обезбедиме кредибилни, фер и демократски избори. Предложивме план во неколку чекори. Ако се водиме од ставот дека здравјето на граѓаните ни е најважно, тогаш треба да се консултираме со Комисијата за заразни болести и никој од нас не треба да го проблематизира нивното мислење во насока на тоа дали и какви мерки треба да се спроведат. Мерките кои ќе бидат во текот на тој процес да гарантираат фер и кредибилен изборен процес. Втората работа е консултации со ДИК за времето неопходно да се спроведе овој фер и кредибилен процес, под услов првиот чекор да е исполнет. Понатаму, да се оствари комуникација и контакт со ОПСЕ и ОДИХР во делот на организирање на набљудувачка мисија. И како четврто, откако ќе ги имаме овие константи, можеме да зборуваме за прва возможна дата кога да се одржат изборите“, рече Мицкоски.
За планот кажа дека бил прифатен од страна на учесниците на лидерската средба, а за изборите потенцираше дека не сака да биде премиер ако еден загубен живот е цената која треба да ја плати неговата партија.
„Ако еден човечки загубен живот е цената со којашто треба ВМРО-ДПМНЕ да победи на следните предвремени парламентарни избори, а јас да го добијам премиерскиот мандат, тогаш одбивам да бидам дел од таквата процедура. Тоа е во согласност со сите ставови со кои изминатите денови политичките лидери излегуваа во јавност, дека не е важен изборниот процес и изборите, туку важно е пред и над сè, здравјето на граѓаните. Тоа беше нашата позиција од самиот почеток. Имаше и такви позиции кои го определуваа датумот, а потоа велеа дека Комисијата за заразни болести треба да каже дали и како ќе се спроведуваат мерките и изборите, што го оценивме како незрело и несериозно“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.
Македонија
Мисајловски во Брисел: Македонија со НАТО-сојузниците за инвестициите и безбедносните приоритети
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денес ќе учествува на состанокот на ниво министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел, Кралство Белгија.
Мисајловски заедно со колегите-министри за одбрана на сојузничките земји, за време на днешениот останок ќе дискутираат на повеќе теми меѓу кои и инвестициите во одбраната согласно последните одлуки од Самитот во Хаг, исполнување на целите на способност, зацврстувањето на одбраната, придонесот во операциите предводени од НАТО како и за актуелните безбедносни предизвици.

