Македонија
(Видео) Заев: Избори треба да има 22 дена по укинувањето на вонредната состојба

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски, рече дека за време на разговорите биле проектирани одредени датуми за одржување на парламентарните избори, во зависност од тоа дали и за колку време би се продолжила вонредната состојба. Тој додава дека сите се согласиле дека избори треба да има 22 дена по укинување на вонредната состојбата.
„На средбата понудивме неколку датуми. Сметаме дека најдобро е изборите да се одржат на 14 јуни. Во моментов немаме парламент, немаме политичка влада да носи одговорност. Според сите мислења и на домашни и на светски експерти, со коронавирусот ќе мора да научиме да живееме. На есен е можен нов пик. Затоа останува да се консултираме со Државната изборна комисија за времето потребно за спроведување на изборите, како и со мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за испраќање на набљудувачи“, рече тој.
Според Заев, претседателот на државата треба да одржи состанок со членовите на Државната изборна комисија (ДИК) за точните термини проектирани за потенцијален датум за избори.
Лидерот на СДСМ истакна дека опозицијата денеска не била спремна да разговара за датум и дека купува време, но верува дека на почетокот на наредната недела би можел да биде постигнат договор за датум за избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Зелен хуман град почнува со собирање потписи за основање партија

Граѓанската иницијатива Зелен хуман град почнува процес на собирање 1.000 потписи за да основа партија.
„Драги луѓе, Зелен хуман град ја формира првата партија во Македонија која во срцето на својата политичка агенда ги позиционира социјалната правда, заштитата на животните и животната средина. ЗХГ е воедно и првата партија во историјата на Македонија што ја основаат долгогодишни волонтери, а не спонзори. Ја основаат луѓе што со години во континуитет ги вложуваат своето знаење, време, енергија, како и финансии, за да создадат здраво и функционално општество за сите – и за луѓето и за животните. Иако сме принудени да ја основаме партијата само за да имаме право да се кандидираме на избори – нашето делување останува идентично како и до сега – хоризонтално, со директна демократија и активизам, отворено за секој што ги дели нашите вредности“, велат од иницијативата.
Од таму велат дека втора изборна година по ред ја отвараат вратата на секој што смета дека има доволно знаење и ентузијазам да се придружи на нивната листа за Совет на Град Скопје.
Во изминатите 4 години, велат од таму, како дел од Советот на Град Скопје со само 2 од 45 советника успеавме да постигнеме неколку преседани.
Македонија
За една недела „пајакот“ кренал 74 возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 28.07. до 02.08.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 74 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.
Македонија
Бизнисменот Душко Чифлиганец загина во несреќа со мотор

Младиот бизнисмен Душко Чифлиганец загина на 32-годишна возраст во несреќа со мотор во Брно, Чешка.
Тој е син на познатиот стопанственик и универзитетски професор Ванчо Чифлиганец и беше заменик-претседател на „Адора бизнис-групацијата“.
Чифлиганец беше љубител на спортскиот мотоциклизам.