Македонија
Следува топло време со температури над просекот

Метеоролозите најавуваат дека под влијание на многу топла воздушна маса во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со максимални температури што се над просекот за овој период од годината и ќе бидат во интервал од 27 до 34 степени.

(Извор: УХМР)
Во следните два дена ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, соопшти УХМР.
Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Герасимовски: Даночната канцеларија во Центар нуди побрза и поедноставна услуга за нашите жители

Општина Центар ги информира сите граѓани кои сѐ уште не добиле Решение за наплата на данок на имот за 2025 година дека можат да ги регулираат своите обврски со директно обраќање во општинската даночна канцеларија.
„Истурената даночна канцеларија значи побрза и поефикасна услуга. Целта ни е граѓаните навремено и лесно да ги завршат своите обврски“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.
Граѓаните преку општинската канцеларија можат да добијат решенија за данок на имот за физички и правни лица, информации за состојбата со платените решенија, можност за промена на податоци во постојни решенија (како адреса, сопственик или имотен лист), пријава на нови обврзници, допријава на имот од легализација, како и корекција на квадратурата според имотниот лист.
Канцеларијата е отворена секој работен ден, од 08:00 до 16:00 часот, во Општина Центар, барака број 5, соба 15.
За повеќе информации можете да се обратите на телефонскиот број 070 316 796, кај одговорното лице Маја Дичева или на е-пошта на следната адреса: [email protected].
Македонија
На Богородица задржувањето од македонска страна е околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 40 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Ивановска: Со зголемување на проактивноста на МОН, расте и поддршката од ЕУ за развој на образованието

Како се зголемува проактивноста на МОН и се остваруваат програмските цели, така пропорционално расте и поддршката од Европската унија за развој на националниот образовен систем и за градење на квалитетен човечки потенцијал. Очекувам нашата добра соработка да продолжи и во иднина, за да изградиме општество од кое младите не заминуваат, туку остануваат, придонесуваат и водат.
Ова го истакна државниот секретар во Министерството за образование и наука, Елена Ивановска на денешната завршна конференција на шестгодишниот проект „ЕУ за млади“ кој има значаен придонес во развојот на стручното образование и обука во државата.
„Проектот даде исклучително значајни резултати и токму тие се основата за нова акција во која повторно младите ќе бидат во нашиот фокус. Значително е подигнат квалитетот на стручното образование и обука и зголемен бројот на ученици во стручните училишта, а зајакната и унапредена е законската регулатива. Формирани се три регионални центри за стручно образование и обука кои се модерно опремени и успешно функционираат, а отпочнт е трансформативниот процес на други четири училишта кои треба да прераснат во регионални центри“, рече Ивановска, додавајќи дека подобрени се и капацитетите на институциите за анализа, планирање и креирање на политики насочени кон младите.
Ивановска посочи дека голем број млади, лично ги почувствуваа придобивките од проектот. Стекнаа знаења и вештини со кои се конкурентни на пазарот на човечки капитал, лесно наоѓаат работа и се интегрираат во општествените процеси.
„Се разбира дека ние ги поддржавме и од повеќе други аспекти, на пример преку прифаќање на десетина нивни барања само во последниот период од една година, кои во најголем дел се однесуваа на подобрување на ученичкиот и студентскиот стандард. Ги вклучивме и во креирањето на политики и закони. Ја подобривме инфраструктурата во која тие се образуваат и ќе споделам дека само во моментов имаме активни инвестиции во вредност од над 32 милиони евра“, информираше државниот секретар.
Изрази задоволство што ЕУ ги вреднува националните постигнувања со обезбедување на уште поголема поддршка и очекувања дека соработката ќе продолжи заради забрзана интеграција на Македонија во европското семејство.