Свет
Мексико изгуби повеќе од половина милион работни места за еден месец
Пандемијата на Ковид-19 го чинеше Мексико повеќе од 555.000 работни места во април, покажаа податоците од Државното биро за социјално осигурување во Мексико.
Ова значи дека 685.000 граѓани ги загубија своите работни места од воведувањето на ограничувањата во март.
Сега Мексико има официјално вработени 19,9 милиони. Статистиката не ги зема предвид неформалните работници за кои се проценува дека претставуваат 57 отсто од вкупниот број вработени.
Економски активното население, кое работеше или бараше работа, броеше 57 милиони во март во земја од 130 милиони жители.
Здравствените власти велат дека епидемијата достигнала врв, што треба да трае барем до 20 мај. Мексико забележа 36.327 заразени и 3.573 смртни случаи.
Пандемијата може да доведе речиси 10 милиони луѓе да не заработуваат доволно за да ги покријат основните трошоци, предупреди Националниот совет за процена на мерките за социјален развој.
Ковид-19 може да го поништи напредокот во социјалниот развој постигнат во изминатите десет години, додаваат тие.
Речиси 52 милиона луѓе во Мексико спаѓаат во категоријата сиромашни, наведува dpа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

