Црна хроника
Пронајдено оружје кај жител на Арачиново
Полицијата привела жител на скопското село Арачиново кај кого е пронајдено оружје и муниција. Како што информира МВР, акцијата е спроведена врз основа на наредба од Основниот суд Скопје 1, а била спороведена во координација меѓу Одделот за криминалистичка полиција и Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје.
„Извршен е претрес во домот на Б. Н. од скопското село Арачиново. При претресот биле пронајдени и одземени една автоматска пушка со една рамка за 29 куршуми, пиштол „глок 19“ со три рамки и 63 куршуми во калибар 9 мм. Б. Н. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик“, информира полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Опожарено патничко возило во Батинци, нема повредени
Ноќеска околу 01:05 часот во село Батинци, скопско, било опожарено патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Б. од Батинци.
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а при инцидентот нема повредени лица. Извршен е увид, а надлежните преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Дете тепало дете во основно училиште во Драчево
Во СВР Скопје вчера (22.11.2025) во 21:40 часот, А.А. (43) од Скопје пријавил дека на 21.11.2025 околу 09:45 часот, во основно училиште во населбата Драчево неговиот малолетен син бил физички нападнат од соученик.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сопругата го пријавила дека ја тепал, па потоа тој ја пријавил неа
Во СВР Скопје вчера (22.11.2025) во 13:00 часот, 35-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 45-годишен сопруг, кој ѝ го одзел и мобилниот телефон.
Подоцна, околу 20:30 часот, 45-годишниот маж од Скопје исто така пријавил дека бил физички нападнат од неговата сопруга, и тоа во истиот временски период – околу 13 часот.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

