Свет
Експерт за вакцини сведочеше против Трамп: Задоцнивме, можевме многу подобро
Докторот Рик Брајт, поранешен директор на Управата за биомедицински истражувања и развој, сведочеше пред американскиот Конгрес за неподготвеноста на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за пандемијата на коронавирусот.
Брајт смета дека целата администрација можела да направи подобро на почетокот на пандемијата.
„Верувам дека можевме подобро. Верувам дека критичните потези не ги презедовме навреме“, рекол Брајт и споменал имејл што го добил од Мајк Бовен, доставувач на медицинска опрема.
„Во големи го*на сме, светот е во големи го*на“ пишувало во имејлот, а Бовен бил загрижен поради малиот број респиратори Н95 додавајќи дека владата одбила да го зголеми производството.
Брајт рекол дека се обидел да ги предупреди првите луѓе во владата за таквите проблеми, но секогаш добивал оправдувања или не добивал никакви одговори.
Брајт е еден од водечките луѓе во САД што се однесува до развојот на вакцини и верува дека периодот од 12 до 18 месеци за развој на вакцина против коронавирус е многу оптимистично сценарио.
„Можеме да добиеме вакцина во тој период ако сè помине совршено. Никогаш не е сè совршено и верувам дека ќе треба подолго време за да дојдеме до вакцина. Се грижам дека ако многу брзаме и ги прескокнуваме критичните чекори, дека во тој случај нема да можеме да ја оцениме безбедноста на вакцината, така што ќе ни треба време“ објаснува Брајт.
Тој и претходно ја обвини администрацијата на Трамп дека се обидува побргу да го употреби „хидроксиклорокинот“, лек против маларија, за лекување пациенти со Ковид-19 поради што, како што тврди тој, бил сменет од функцијата.
Трамп на „Твитер“ напиша дека никогаш не слушнал за Брајт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател
САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шариа, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп.
Според белешката на веб-страницата на американското Министерство за финансии, САД ги отстранија ознаките за глобални терористи од ал-Шариа и сирискиот министер за внатрешни работи Анас Хатаб. Велика Британија, исто така, денес ги укина санкциите врз сирискиот претседател, еден ден откако Советот за безбедност на ОН го стори истото.
Портпаролот на Европската унија денес изјави дека одлуката на ОН ќе влијае и врз мерките на ЕУ. Ал-Шариа и Хатаб претходно беа под финансиски санкции кои беа насочени кон Исламска држава и Ал Каеда.
фотo: принтскрин
Свет
Универзитетот Корнел постигна договор со Трамп за деблокирање на парите за истражување
Универзитетот Корнел денес објави дека постигнал договор со администрацијата на Трамп за моментален поврат на повеќе од 250 милиони долари од финансирањето за истражување кое беше замрзнато од април.
Претседателот на Корнел, Мајкл Котликоф, во соопштението изјави дека универзитетот ќе ѝ плати на владата 30 милиони долари и ќе инвестира дополнителни 30 милиони долари во земјоделски истражувања во текот на три години како дел од договорот.
Тој нагласи дека ниту една владина истрага или преглед на работата на универзитетот не открила дека ги прекршил законите за граѓански права. Администрацијата се согласи да ги затвори сите истраги.
Министерката за образование, Линда Мекмахон, објави на платформата X дека договорот е уште една победа во напорите за ставање крај на „поларизирачките политики на DEI“ на врвните американски универзитети кои ја сочинуваат таканаречената Ајви лига.
Администрацијата на Трамп го замрзна финансирањето на универзитетот во април бидејќи рече дека не направил доволно за борба против антисемитизмот.
Администрацијата на Трамп врши притисок врз врвните американски универзитети поради пропалестинските студентски протести, кои ги смета за антисемитски, и политиките насочени кон поттикнување на различноста, кои ги смета за дискриминаторски.
Харвард, најбогатиот и најстариот универзитет во Соединетите Американски Држави, е исто така цел на администрацијата на Трамп и започна правна битка, но сè уште бара спогодба. Трамп во септември изјави дека договорот со Харвард е блиску.
Универзитетот Колумбија и другите американски универзитети постигнаа договори со Трамп ова лето.
фото: принтскрин
Свет
ОН дискутираше за човековите права во САД, американските претставници не се појавија
САД станаа втората земја по Израел што одби да учествува во дебатата на ОН за состојбата со човековите права во својата земја, оставајќи празни места на сесијата на Работната група на Советот за човекови права на ОН во Женева денес.
САД, исто така, не достави национален извештај пред состанокот, соопшти работната група, со што официјално е евидентирана „несоработката“ на Вашингтон. Одлуката нема непосредни последици, а групата ги повика САД повторно да се приклучат на процесот подоцна. Во соопштението од американската мисија во Женева се вели дека ОН „се преправа дека е загрижена за човековите права“, додека им дозволува на познатите злоупотребувачи да ја користат организацијата за „да се кријат од контрола“.
Во соопштението, исто така, се обвинува ОН за „постојана пристрасност против Израел“. Од 2008 година, од сите 193 земји-членки на ОН се бара да поминат низ таканаречен Универзален периодичен преглед (УПР) на нивната состојба со човековите права приближно на секои пет години. Потоа, земјите ги презентираат своите извештаи за напредок, додека други можат да постават прашања и да дадат препораки.
фото: принтскрин

