Спорт
„Милионерите“ без милост кон Шалке, кикс на Лајпциг (Видео)
По пауза од два месеци продолжи сезоната во Бундеслигата. Попладнево на програмата беа првите пет натпревари од 26 коло. Борусија во дербито го декласира Шалке со 4:0, Фрајбург изненади во Лајпциг, Волфсбург во 91 минута забележаа победа во Аугзбург, Херта како гостин го декласира Хофенхајм, а Фортуна и Падерброн одира без голови.
Првиот гол по принидната пауза во Бундеслигата го постигна Норвежанецот Ерлинг Халанд. Тој во дербиот ја затресе мрежата на Шалке во 29 минута. Во финишот на првиот дел на 2:0 зголеми Гереиро. Торган Азар во 48 минута ја зголеми предноста на „милионерите“, а судбината им ја запечати Гереиро со својот втор гол.
Борусија сега има поен помалку од Баерн, кој утре го игра својот меч од ова коло.
Лајпциг неочекувано киксираше против Фрајбург. Бод за „биковите“ спаси Јусуф Поулсен во 77 минута, откако претходно гостите од Фрајбург водеа од 34 минута со голот на Гилде.
Херта од 58 до 74 минута го декласира домашниот Хофенхајм. Најпрвин Апкогума си постигна авто-гол, а потоа победата на Херта ја потврдија Инишевиќ и Чунка.
Гинчек е херојот на Волфсбург. Овој играч го постигна победничкиот гол на гостувањето во Аугсбург во 91 минута. Претходно Штефен погоди за Волфсбург, а израмни Једвај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
FourFourTwo: Пикси Стојковиќ е најлош од сите селектори на Евро 2024
Сезоната на клупскиот фудбал полека привршува, а стартот на Европското првенство во Германија е се поблиску. За точно 38 дена во Минхен ќе се одигра првиот натпревар на ЕП меѓу Германија и Шкотска.
Специјализираниот фудбалски магазин „FourFourTwo“ во пресрет на првенството објави список на селекторите на сите репрезентации кои според нивната проценка ги рангираше од најдобар до најлош. На првото место е Дидие Дешамп (Франција), а зад него се Лучијано Спалети (Италија) и Јулијан Нагелсман (Германија). Најлош од сите сите селектори според „FourFourTwo“ е Драган Стојковиќ.
Рангирање на сите екипи на Евро според „FourFourTwo“:
1. Дидие Дешамп (Франција)
2. Лучијано Спалети (Италија)
3. Јулијан Нагелсман (Германија)
4. Герет Саутгејт (Англија)
5. Златко Далиќ (Хрватска)
6. Роберто Мартинез (Португалија)
7. Доменико Тедеско (Белгија)
8. Луис де ла Фуенте (Шпанија)
9. Каспер Хјулманд (Данска)
10. Марко Роси (Унгарија)
11. Стив Кларк (Шкотска)
12. Роналд Куман (Холандија)
13. Силвињо (Албанија)
14. Винченцо Монтела (Турција)
15. Вили Сањол (Грузија)
16. Ралф Рангник (Австрија)
17. Франческо Калцона (Словачка)
18. Едвард Јорданеску (Романија)
19. Сергеј Ребров (Украина)
20. Матјаж Кек (Словенија)
21. Мурат Јакин (Швајцарија)
22. Михал Пробиерц (Полска)
23. Иван Хашек (Чешка)
24. Драган Стојковиќ (Србија)
Спорт
Челси заинтересиран за Јан Облак
Челзи е заинтересиран за Јан Облак, голманот на Атлетико Мадрид и репрезентацијата на Словенија, пренесуваат шпанските медиуми.
Облак (31) е член на Атлетико од 2014 година, а има договор со „јорганџиите“ до 30 јуни 2028 година.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Атлетико би можел да го продаде словенечкиот репрезентативец во летниот преоден рок за да обезбеди пари за трансфери на нови играчи.
„Трансфермаркт“ истакнува дека Облак вреди околу 30 милиони евра. Словенецот бранел за Атлетико на 442 официјални натпревари. За репрезентацијата на Словенија, со која ќе настапи на ЕУРО 2024 иа одиграно 64 натпревари.
Шпанските медиуми истакнуваат дека Челзи е во потрага по нов голман, иако лондонскиот клуб ги има на располагање Ѓорѓе Петровиќ, Роберто Санчез и Маркус Бетинели, како и Капа Аризабалага, кој моментално е на позајмица во Реал.
Спорт
Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати
Фудбалскиот сојуз на Шпанија не го прифати барањето на реал Мадрид, 36.шампионска титула да им биде врачена по натпреварот со Алавес на 14.мај.
Реал, во саботата, математички ја обезбеди шампионската титула во Шпанија. Планот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија беше трофејот на „кралскиот клуб“ да му биде врачен во сабота во Гранада.
Овој предлог Реал го одби од почит кон противникот. Одбија да слават на теренот на тимот кој испаѓа од Примера.
Поради тоа Флорентино Перез побара титулата на играчите да им биде врачена на 14.мај кога на „Сантијаго Бернабеу“ ќе гостува Алавес. Овој предлог Фудбалскиот сојуз на Шпанија го одби и најави дека трофејот ќе биде врачен во 12 мај наутро во тренинг центарот на Реал во Валдебебас, зад затворени врати.
Федерацијата го извести Реал Мадрид да ги извести играчите дека треба да бидат во Валдебебас во недела наутро, бидејќи планот е церемонијата да се во 9:30 часот, а на доделувањето на трофејот нема да присуствуваат навивачите.
Трофејот ќе го врачи претседателот на шпанската фудбалска федерација Педро Роча.