Економија
Владата го објави третиот пакет мерки за стопанството
На мерките од претходните два пакета наменети за поттикнување на економијата погодена од Ковид-19, Владата го додаде и третиот сет мерки за стопанството со цел зачувување на постојните и отворање на нови работни места. Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, соопшти дека сетот мерки содржи и бескаматни кредити за фирми кои ќе се доделуваат преку развојната банка на државата во вредност од 31 милион евра, но и долгорочен закуп на пасишта, помош на земјоделци, кредити за стартап бизниси.
„Овие средства ќе бидат поддршка за жените, младите и дигитализацијата во бизнисот. Оваа бескаматна кредитна линија во вредност од 31 милион евра ќе биде достапна за сите микро и мали претпријатија, а истата ќе понуди и 30% грант, неповратни средства, за оние компании кои се водени или основани од жени или вработуваат млади лица, се извозно ориентирани или воведуваат иновација и дигитализација во нивното работење. Државна гаранција за комерцијални кредити за поддршка на стартап и мали, микро компании. Државата става на располагање финансиски средства од 125 милиони евра на извозно ориентирани компании за поддршка и преземање на дел од ризикот за комерцијалниот кредит. Гаранција за обезбедува не царинскиот долг, за поголем извоз и полесен пристап до суровините за домашните компании. Со гаранцијата за обезбедување на царинскиот долг, го поддржуваме извозот и го олеснуваме пристапот за суровини за преработка на македонските компании во износ од околу 25 милиони евра преку развојната банка на државата“, соопшти Спасовски.
Владата усови и мерки за приватниот сектор и негова модернизација, со цел да се зголеми конкурентноста. Со мерки се стимулираат и нови бизниси, а финансиска поддршка ќе се доделува и за организација на конференции и обуки.
„Нови 25 милиони евра за приватниот сектор, за нови пазари, за конкурентност и модернизација. Согласно Законот за финансиска поддршка, со 25 милиони евра, преку програмата за зајакнување а конкурентноста и помагаме на компаниите за освојување на нови пазари, зголемување на нивната конкретност, како и модернизација на процесите. Со финансиска поддршка од 1 милион евра, ќе им помогнеме на текстилните компании за развој на домашните стантап продукти преку ФИТР. Новите 1,6 милиони евра, за развој на иновативни продукти и услуги како и трансформирање на македонското туристичко село во скопско Нерези во македонско стартап село. Директно ќе стимулираме нови сопствени бизниси. Кофинансирање на настани и конференции со 50 проценти финансиска поддршка од државата најмногу до 30 илјади денари. Со финансиска помош од 245 илјади евра, ќе им помогнеме на компаниите преку субвенционирање на 50 проценти од трошоците за организација на настани, обуки, конференции, до максимален износ од 30 илјади денари“, рече Спасовски.
Со третиот столб на мерки, директно се поддржуваат и земјоделците за нови приходи.
„Со новиот пакет мерки во земјоделството се вложуваат 76.1 милион евра. Првата мерка е поддршка на аграрниот сектор од по пет милиони евра преку развојната банка. Со пет милиони евра ги поддржуваме микро малите и средни претпријатија, кои вршат примарно производството, преработувачите и извозот на примарните, преработени земјоделски производи. Следува платежната картица за субвенционирање на 50 проценти од зелената нафта за земјоделците. По ланското субвенционирање од 30 проценти, со оваа мерка го зголемуваме субвенционирањето на потрошувачката на зелената нафта на 50 проценти. Оваа мерка ќе опфати 50 илјади земјоделци, а вредноста е 4,6 милиони евра. Воведуваме стимулирање на произведувачите на грозје, за производство а нови продукти. Преку оваа мерка ги стимулираме преработувачите и винариите да произведуваат алхохолен дестилат кој ќе се користи од страна на домашните хемиски компании за производство на средства за дезинфекција. Во следните три години, нашата финансиска поддршка ќе изнесува 3,5 милиони евра. Овозможуваме јавни-приватни партнерства во лозарството и тутунскиот сектор. Тоа ќе го направиме со поддршка на модернизирање и ставање во функција на капацитетите во производството на преработка на тутун и грозје со цел посилно развивање на лозарството и тутунскиот сектор“, соопшти техничкиот премиер.
Државата воведе и долгорочен закуп на пасишта, мерка со која предвидува издавање на пасиштата со што сточарите ќе имаат на располагање околу 500 илјади хектари пасишта за напасување на добитокот.
„Воведуваме програма за финансирање на микро земјоделски компании. Со три милиони евра ќе овозможиме финансирање на старт-ап семејни винарии и фарми на кои ќе им бидат достапни грантови до 10 илјади евра за опрема за преработка, но и за маркетинг на растителни, млечни и месни производи. Имаме и мерки за модернизација на земјоделството, која со кредит од Светската банка од 50 милиони евра ќе овозможиме модернизација со цел зголемување на конкурентноста и профитабилнсота“, рече тој.
Бескаматни кредити, неповратни грантови, помош за стат-ап бизниси се дел од новите мерки на Владата
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

