Црна хроника
Турски државјанин обвинет за фалсификување исправа

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против државјанин на Република Турција, осомничен дека сторил кривично дело фалсификување исправа.
Обвинетиот на 25 февруари, при поднесување барање за привремен престој, и на 11, мај при подигање на дозволата за привремен престој на странец во Република Северна Македонија, употребил преправена јавна исправа – турски пасош.
На оригиналната патна исправа било извршено отстранување и замена на оригиналната втора страница, која содржи лични податоци и фотографија на имателот на патната исправа. Вметнатата нова неоригинална страница се разликува од оригиналот по техничките карактеристики на печатење, флуоресценцијата и по конецот со кој е сошиен буклетот на патната исправа. Преправениот пасош обвинетиот го употребил како вистински во два наврата, со што го сторил кривичното дело што му се става на товар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Со мопед удрил во 13-годишен пешак и побегнал

Синоќа околу 21:10 часот во СВР Куманово, е пријавено дека на регионалниот пат с.Лојане-Граничен премин Миратовац, кај с.Лојане, општина Липково, мопед удрил во 13-годишник од с.Лојане, општина Липково по што возачот со мопедот го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на мопедот.
Топ
21-годишно момче загина а две лица се тешко повредени во сообраќајка кај Градско

Денеска (28.08.2025) околу 00:10 часот во СВР Велес, е пријавено дека на локалниот пат с.Горно Чичево-с.Долно Чичево, општина Градско, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки управувано од П.А.(22) од Градско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговите сопатници Љ.О.(21), Б.П.(20) сите од Градско и Х.Л.(22) од с.Ногаевци, општина Градско, констатирани во Општата болница Велес.
Од здобиените повреди починал Љ.О., а од страна на лекар констатирана била смрт. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
Црна хроника
Маж од Австралија пронајден починат во хотелска соба во Битола

На 27.08.2025 во СВР Битола, било пријавено дека во хотелска соба во Битола бил пронајден починат С.С.(69) од Австралија.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.