Свет
Портпаролот на Кремљ сè уште под ковид-терапија
Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, потврди дека сè уште прима терапија поради коронавирусот, објави руската агенција ТАСС.
На прашањето на новинарите за неговата здравствена состојба и пуштањето од болница, Песков првин се заблагодари, а потоа одговори дека сè уште прима терапија.
Освен портпаролот на Кремљ, коронавирусот е потврден и кај други руски претставници – премиерот Михаил Мишустин, министерот за градежништво, Владимир Јакушев, министерката за култура, Олга Љубимова, и министерот за наука и образование, Валери Фалков.
„Премиерот на Русија закрепнува од коронавирусот и ќе може да им се врати на своите обврски во текот на оваа недела“, рече министерот за здравство, Михаил Мурашко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Новиот сириски лидер: Изборите би можеле да се одржат за четири години
Изборите во Сирија би можеле да се одржат за четири години, изјави новиот сириски лидер Ахмед ал Шара, што е првпат да постави распоред за политичкиот процес откако Башар ал Асад беше соборен овој месец.
Изработката на новиот устав може да потрае до три години, рече Шара во интервју за саудиската државна телевизија. Тој, исто така, изјави дека ќе биде потребна околу една година за Сиријците да видат драстични промени.
Шара ја предводи групата Хајат Тахрир ал-Шам која го собори Асад на 8 декември, ставајќи крај на децениското владеење на неговото семејство и 13-годишната граѓанска војна. Тој рече дека ХТС ќе биде распуштен на конференцијата за национален дијалог.
За надворешните односи Шара рече дека Сирија дели стратешки интереси со Русија. Русија има воени бази во Сирија, беше близок сојузник на Асад за време на долгата граѓанска војна и му даде азил на Асад.
Шара претходно овој месец рече дека односите на Сирија со Русија треба да служат на заеднички интереси.
Шара додаде дека се надева оти администрацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе ги укине санкциите воведени за Сирија.
Високи американски дипломати кои го посетија Дамаск овој месец рекоа дека Шаара постапил прагматично и дека Вашингтон одлучил да ја отстрани наградата од 10 милиони долари за главата на лидерот на ХТС.
Свет
(Видео) Авион принудно слета во Канада, па се запали
Авион на „Ер Канада“ принудно слета на меѓународниот аеродром Халифакс Стенфилд, откако синоќа доживеа дефект на опремата за слетување.
Авионот на летот 2259 на Ер Канада, кој полета од Св. Џонс, имаше проблеми со слетувањето во 21:30 часот по Атлантско време, што предизвика излизгување и пожар на моторот.
Патникот Ники Валентин изјави за „Си-би-ес њуз“ дека едно од тркалата на авионот не се ослободило правилно при слетувањето.
Since apparently every single news source decided to use it, hi, I was on the Air Canada flight that crashed on the runway in Halifax today, and I took this photo, so credit me pls it’s all I ask for my trauma lmao pic.twitter.com/OWHIfvy6iY
— nikki has deleted x, is on bsky 🐀 (@nikki_m_vee) December 29, 2024
„Авионот почна да се спушта околу 20 степени налево и, како што се случуваше, слушнавме прилично силен звук кој речиси звучеше како несреќа, додека крилото на авионот почна да се лизга преку асфалтот, заедно со, претпоставувам , моторот“, рече патникот.
По слетувањето, патниците и членовите на екипажот биле евакуирани. Во инцидентот нема жртви.
Летовите на аеродромот Халифакс беа привремено прекинати по инцидентот, додека една писта беше повторно отворена од раните утрински часови.
Свет
(Видео) Двајцата преживеани во авионската несреќа во Кореја биле најдени во делот од опашката на леталото
Двајцата потврдени преживеани во аионската несреќата во Јужна Кореја беа спасени од делот од опашката на авионот – единствениот дел од леталото што задржал парче од својата форма, изјави на брифинг шефот на противпожарната служба на Муан, Ли Јунг-Хјун.
Преживеаните во несреќата, кои се членови на екипажот, се згрижени во болница.
„Само делот од опашката ја задржал формата малку, а остатокот од авионот изгледа речиси невозможно да се препознае“, рече шефот на противпожарната служба, пренесе „Си-ен-ен“.
Видеото и сликите од местото на настанот ги прикажуваат јагленисаните остатоци од авионот, а само делот од опашката е видно недопрен.
Претходно, јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“ објави сведоштва од преживеаните стјуарди.
„Од едниот од моторите излегуваше чад, а потоа дојде до експлозија“, изјави Ку, стјуардеса на 20-тите години, за новинската агенција „Јонхап“.
Другиот преживеан, стјуардот Ли (33), рекол дека не ги памети околностите на несреќата.
Бројот на загинати се искачи на 177 лица од вкупно 181 патник и членови на екипажот.