Свет
Француските деца затворени во дистописки „квадрати за играње“ по враќањето на училиште
Во период додека француските училишта се обидуваат да сфатат како да одржуваат социјално дистанцирање, децата во едно училиште добија дистописки „квадрати за играње“.
Фотографиите што на социјалните мрежи ги сподели Лионел Топ, новинар во БФМТВ и „РМС инфо“, покажауваат разновидни мерки за одржување социјална дистанца во училиштето, при што највпечатлива е фотографијата на деца затворени во квадрати исцртани со креда додека си играат во училишниот двор.
Топ вели дека имало многу чудна, дури и вознемирувачка атмосфера во училиштето, кое било отворено за ограничен број ученици за кои се грижат наставници што носат заштитни маски.
„Ако овие фотографии нè растажуваат, замислете како се чувствуваат наставниците“, додаде тој цитирајќи еден наставник кој му рекол дека му се лоши од ситуацијата.
Contexte :
Pour faire respecter les distances, tout en profitant des récrés, l’équipe pédagogique a dessiné des carrés au sol pour les + petits. Les enfants jouent, dansent, sautent, rient ensemble… mais depuis ce carré.
De ce qu’on a vu, ils ne le vivent pas comme une punition https://t.co/i98ZltvteN— Lionel Top (@lioneltop) May 12, 2020
Сепак, Топ додава дека се чини оти децата без проблем се справуваат со ситуацијата.
„За да се обезбеди почитувањето на дистанцата при рекреацијата, образовниот тим им нацрта квадрати на малите. Децата играат, танцуваат, скокаат, се смеат заедно, но во рамките на својот квадрат. Од она што го видовме, тие не сметаат дека е ова казна“, објаснува Топ.
Се чини дека коронавирусот нема висока стапка на смртност кај децата иако педијатриите последниве недели почнаа со предупредување дека пандемијата се совпаѓа со мал, но значаен пораст на случаи со синдромот Кавасаки – честопати смртоносна состојба кај младите во која срцето и крвните садови се воспалуваат.
Исто така, постои загриженост дека децата би можеле да станат вектор за инфекции што се шират кон нивните родители и оние со кои доаѓаат во контакт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.