Регион
(Видео) Немири во Тирана, експлозија одекна меѓу толпата демонстранти

Едно лице е повредено во неразрешен инцидент во Тирана, каде илјадници луѓе по втор пат се собраа да протестираат против уривањето на зградата на Народниот театар.
Неколку илјади демонстранти и стотици полицајци стоеја лице в лице, во центарот на Тирана повеќе од два и пол часа, за време на протестот поради ноќната акција на локалните власти, во текот на која зградата на Народниот театар изградена во 1939 година беше избришана од лицето на земјата, пренесува РТС.
Демонстрантите, меѓу кои биле и лидерот на демократите, Љуљзим Баша, дисидентот Фатос Љубоња и десетици актери, бараат независна истрага за уривањето на зградата на театарот и оставка на градоначалникот на Тирана, Арион Вељај.
Судбината на оваа зграда е предмет на остра полемика меѓу владата на Еди Рама и интелектуалците, кои остро се спротивставија на рушењето на објектот, кој се смета за дел од албанското национално наследство.
Веднаш по уривањето, следуваше бран остри реакции, а неколку стотици Албанци се собраа во центарот на градот, каде демонстрантите фрлаа факели и петарди кон полицајците.
Полицијата уапси вкупно околу 50 лица, меѓу кои и сопругата на претседателот Илир Мета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Борисов: Бугарија ќе се вклучи во процесот на обнова на Украина

Бугарија ќе се приклучи на процесот на обнова на Украина. Ова го изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, на средба со амбасадорот на Украина во Бугарија, Олесја Илашчук.
Лидерот на ГЕРБ ја прогласи способноста на Бугарија да придонесе во сектори, како што се енергетиката, трговијата и инфраструктурата.
„Разговаравме и за развојот на воените операции на територијата на Украина. Украина има категорична поддршка од Бугарија за нејзината европска перспектива“, изјави Бојко Борисов.
Регион
(Видео) Таксист се залета со возилото во демонстранти во Смедерево

Додека граѓаните мирно преминувале пешачки премин во Смедерево, возач на такси налетал на луѓе.
Smederevo, taksi nosi coveka na haubi. Tablice: Sd 0814 tx pic.twitter.com/8rAciLoxVe
— Petar Petrovic (@tombomn) July 4, 2025
Притоа еден граѓанин бил собран од возилото и се возел на хаубата околу 200 метри, јавува репортер на Н1.
Од утрово продолжуваат блокадите низ цела Србија, а неколку студенти беа уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград.
Исто така беше приведен и граѓанин во Крагуевац кој одбил да даде документи за идентификација на српската полиција.
Регион
(Видео) Студенти уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани, најавија студентите на големите собири синоќа.
Žandarmerija u Cvijićevoj. pic.twitter.com/IEpLk4p9d8
— TV N1 Beograd (@n1srbija) July 4, 2025
На повик на студентите во блокадата, утрово во седум часот, граѓаните на Крагуевац се собраа на раскрсницата кај облакодерот Застава, а потоа почнаа да ги преминуваат пешачките премини, со што го нарушија сообраќајот.
Minut nakon što su građani blokirali raskrsnicu kod Osnovnog suda, policija je napravila obruč i primorala ih da se presele na trotoar.
Građani odatle idu ka crkvi Svetog Luke, gde ih čeka policijski kordon .
🎥 @stjdznstj pic.twitter.com/EprfuPUI1m
— Južne vesti (@juznevesti) July 4, 2025
Приведен е граѓанин во Крагуевац, кој одбил да ѝ дозволи на полицијата да му ја види личната карта.
Hapšenje studenata FDU-a ispred Fakulteta dramskih umetnosti!!! Na livadi. #svinaulice pic.twitter.com/3jKhzuuEpL
— FDU u blokadi (@sviublokade_fdu) July 4, 2025
Полициските службеници одведоа неколку студенти кои беа уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград.
Сообраќајот на трамвај и тролејбус во Белград е прекинат поради блокади, а сите возила се повлечени во гаражи додека не се исполнат услови за нивно враќање во сообраќај, објави Танјуг.