Спорт
Нов „блесок“ на Хаверц, Баер со цел плен од Бремен (видео)

Последниот меч од „рестартираното“ 26. коло во Бундеслигата помина во знак на 20-годишниот феномен на Баер Леверкузен, Каи Хаверц, кој постигна два гола за да ги предводи „фармацевтите“ до 4:1 гостинска победа кај Вердер Бремен, кои пак се сѐ поблиску до „Цвајте“.
Хаверц го отвори резултатот на „Весерстадион“ во 28. минута за водство на гостите, но Вердер врати само две минути подоцна да израмнат преку Теодор Гебре Селасие. Но, Хаверц веќе во 33. минута го врати водството, за да го забележи својот 9 гол во последните 13 меча за Леверкузен, во кои има и 7 асистенции, покажувајќи зошто пола европски гиганти го сакаат во својот тим. Уште поимпресивно е тоа што тој не игра секогаш како истурен напаѓач, туку понекогаш е десно крило или „број 10“.
Мичел Вајсер во 61. минута од мечот ја потврди победата за Леверкузен, a Керем Демербај стави печат на катастрофата на домаќините во 78. минута.
Со триумфот Леверкузен остануваат на петтото место со 50 поени, на осум поени од првото место – Баерн (58), Дортмунд (54), Менхенгладбах (52), Лајпциг (51). Вердер пак, е на претпоследното место со само 18 поени, дури 9 од безбедната зона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ФИБА ја „сопна“ БиХ – Гарза нема да патува на Евробаскетот

Кога селекторот Адис Беќирагиќ го објави проширениот список на репрезентацијата на Босна и Херцеговина за претстојното Европско првенство, на него беа двајца странци,
Хавиер Кастанеда и Лука Гарза. Босанците се надеваа дека Гарза, играч на Минесота, ќе добие дозвола за настап, но ФИБА уште еднаш потврди дека само еден странски играч може да игра за репрезентацијата.
ФИБА не дозволи Босна и Херцеговина да го регистрира Лука Гарза како домашен кошаркар, бидејќи неговиот татко е Американец, а тој е роден во САД.
Френк Гарза објави дека ќе ја тужи ФИБА за оваа одлука, откако селекторот Беќирагиќ рече дека Лука нема да биде на конечниот список и дека Кастанеда е повеќе потребен на нивната репрезентација.
„Гарза би сакал да игра без сомнение, но во нашата конфигурација ни треба плејмејкер. Особено таков што може да постигнува поени од далечина и да ни помогне во нападот. Од самиот почеток некако знаевме дека тој нема да биде таму. За секој случај, ако нешто се случи со Кастанеда, но ова е нашата прва опција“, рече селекторот на БиХ, Адис Беќирагиќ.
Репрезентацијата на Босна и Херцеговина има доволно силна внатрешна линија со Јусуф Нуркиќ, Кенан Камењаш и Амар Алибеговиќ.
Евробаскетот ќе се одржи во четири земји: Латвија, Полска, Финска и Кипар. Репрезентацијата на Босна ќе игра во Лимасол заедно со репрезентациите на Грција, Италија, Шпанија, Грузија и домаќинот Кипар.
Турнирот започнува на 27 август и трае до 14 септември. Последниот дел од турнирот ќе се одржи во Рига.
Спорт
(Видео) Нестварен кикс и прекрасен лоб од 25 метри во ЛШ

Клуб Бриж направи џиновски чекор кон главната фаза од Лигата на шампионите. Белгискиот тим славеше синоќа со 3:1 на гостувањето кај Глазгов Ренџерс, во првиот плејоф натпревар.
Стрелци за гостите беа Ромео Вермант во 3-та, Јорне Шпилеерс во 7-та и Брендон Мехеле во 20-та минута, додека единствениот гол за домаќините го постигна Данило во 50-та минута.
Првиот гол на Бриж беше постигнат по неверојатната грешка на Насер Џига. Дефанзивецот на Ренџерс ја имаше топката близу центарот, но необјасниво му ја предаде на ривалот Вермонт. Тој го прифати подарокот и истрча со топката кон голот, а потоа со брилијантен лоб од 25 метри го совлада Џек Батланд.
Спорт
Мартин одбил да ја напушти Барселона

Барселона се соочува со проблеми поврзани со финансискиот фер-плеј (FFP) и ова лето, поради што сè уште е веројатно дека еден играч од првиот тим ќе го напушти клубот. Нема повеќе простор за регистрација на нови играчи, па затоа е јасно дека би требало да се направи барем еден трансфер, за да може во клубот да пристигне нов играч.
Еден од кандидатите за продажба е играчот од средниот ред Марк Касадо (21). За него постои интерес од бројни клубови подготвени да потрошат околу 30 милиони евра, но Касадо одлучи да остане на „Камп Ноу“. Клубот ја прифати неговата одлука и не планира да го принуди да си замине.
Сосема поинаквае ситуацијата со Жерар Мартин (23). Вулверхемптон понуди 15 милиони евра за левиот бек. Барселона ја прифати таа сума бидејќи значително би помогнала во решавањето на проблемот со FFP и започна преговори.
Сепак, Мартин го одби трансферот и не сака да слуша за понудите што доаѓаат за него, пишува Каталонски „Спорт“. Тој сигурно ќе остане во клубот до јануари, кога ќе се разгледа колку е важен за тренерскиот тим на Ханси Флик, а потоа, доколку не игра важна улога, би можел да си замине.