Македонија
Синот на Верушевски ја снимал објавената снимка од разговорот со Заев
Александар Верушевски, син на функционерот на СДСМ, Зоран Верушевски, тонски го снимал лидерот Зоран Заев пред четири години во Струмица. Заев рече дека објавената снимка на „Јутуб“ е од ручек во 2016 година. Запрашан какви се односите меѓу него и Александар Верушевски, тој рече дека се во добри односи, како и дека е близок со неговото семејство.
„Во врска со прашањето за соговорникот што ме снимал, тоа е господинот Александар Верушевски. На ручек кај мене во Струмица, тоа е летото 2016 година. Овде седиме и ручаме и видов дека ме снимал. Разговорот јасно покажува кој е. Не беше тоа пред 100 години, беше пред 4 години од денеска гледано. Ние сме во добри односи. Секој со својата одговорност. Јас сум пријател со сите. Тој така одлучил, така направил. Јас сум многу близок со неговото семејство, ги сакам неговите дечиња. Со професорот Верушевски сум пријател, тој е претседател на нашата Комисија за внатрешна безбедност во државата, советник во Кабинетот за национална безбедност. Соработувам, но, еве, така одлучил мојот пријател Александар и така направил“, рече Заев.
Поранешниот разузнавач и советник на Заев, Верушевски, сведочеше во предметот „Таргет-Тврдина“, кој се однесува за масовното прислушување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

