Македонија
Овозможувањето онлајн-игри на среќа e полн погодок на Владата за економијата и граѓаните

Оваа уредба на Владата претставува разумен одговор на забрзаниот развој на технологијата и дигитализацијата, кои од корен го променија и унапредија секојдневниот живот, но и бизнисот и забавата.
Позитивните ефекти врз националната економија, како последица на уредбата на Владата, со која се овозможува приредување игри на среќа преку интернет, се веќе мерливи и јасно видливи.
Уредбата донесена за време на пандемијата на коронавирусот им дава можност на приредувачите на игри на среќа својата работа да ја организираат и преку интернет, а со нејзиното стапување во сила Македонија повеќе не е единствената европска земја во која онлајн приредувањето игри на среќа е забрането!
Со регулација на онлајн-пазарот на игри на среќа повеќекратно се зголемува даночниот приход и се намалува можноста на малверзација и одлив на пари кон странски интернет-страници за обложувањe и онлајн казино игри регистрирани во други земји. Државната каса ќе биде повеќе полна, а даноците збирани од најголемите обложувачници и казина ќе се насочуваат кон подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Според податоците од Министерството за финансии, речиси 40 милиони евра се прибираат по основ на посебната давачка од оваа индустрија. Ако на оваа цифра се додаде и персоналниот данок на доход од игрите на среќа, кој учествува со приближно 10 отсто од вкупно прибраниот персонален данок, станува јасно колку ставот на Владата во овој случај бил правилен и ефективен.
Според процените на економистите, помеѓу 40 и 50 милиони евра годишно се одливаат во други земји на онлајн-обложување и игри на среќа. Тие средства сега ќе бидат даночени во нашата држава.
Особено е важен моментот во кој беше донесена регулативата имајќи ги предвид предвидувањата за последиците што пандемијата на коронавирусот ќе ги има врз светската економија и сè почестото спомнување на претстојната рецесија.
Индустријата на игри на среќа обезбедува повеќе од 8.000 работни места, а со можноста своите услуги да ги понуди и онлајн, стабилноста на работењето ќе биде поголема, како и сигурноста на вработените. Посредно оваа индустрија поддржува уште 20.000 работни места имајќи го предвид обемот на услуги што ги нудат и начинот на кој ја организираат работата.
Организирањето игри на среќа преку интернет подразбира и низа мерки за заштита на играчот, од блокада на налогот до самоограничување. Уживателите на игрите на среќа сега може безбедно да се забавуваат од удобноста на своите домови.
Оваа уредба претставува разумен одговор на забрзаниот развој на технологијата и дигитализацијата, кои целосно го променија начинот на живеење, а доведоа и до многубројни промени во бизнисот и забавата. Дефинитивно, една од најголемите предности на онлајн-обложувањето е неговата комплетна достапност, намалувањето на трошоците на работење и повеќе можности за нови инвестиции и вложувања. Корисниците на услугите се особено задоволни затоа што може да се забавуваат без чекање редици, од кое било место и во кое било време, со поголема понуда на промоции и бонуси за играчите регистрирани на интернет-страниците за игри на среќа.
Со регулирањето на интернет приредувањето игри на среќа Македонија се приклучи кон другите европски земји, кои со години успешно го регулираат овој пазар.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Пожарникарите неуморно и секојдневно на терен, во едно деноноќие се гасеа 33 пожари

Во текот на изминатото деноноќие евидентирани се вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 12 се активни, пет се ставени под контрола, а 16 се изгаснати.
Активни пожари има во: Василево / Радовиш / Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација); Прилеп 1 – с. Бешиште, Бешишки Рид, кон с. Градешница (Новаци) и крак кон границата со Р. Грција (мешана шума); Прилеп 2 – активен крак кон с. Дрен, проширен кон с. Галиште (Кавадарци); под контрола помеѓу Царевиќ и Смолани (мешана шума и нискостеблеста вегетација); Македонски Брод – помеѓу Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација); Желино – помеѓу с. Церово и с. Групчин (нискостеблеста и деградирана шума); Петровец – с. Средно Коњаре, крај р. Пчиња (мешана шума); Зелениково – с. Гумалево (ниска и мешана вегетација); Крива Паланка – с. Нерав (висока борова шума); Старо Нагоричане / Куманово – с. Облавце, Бељаковце, Довезенце, Јачинце (ниска вегетација); Старо Нагоричане – с. Руѓинце (ниска вегетација); Василево 1 – с. Сушево (грмушки и ниска вегетација); и Василево 2 – с. Добрашинци (грмушки и ниска вегетација).
Под контрола се пожарите во: Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева); Македонски Брод 2 – с. Латово (ниска вегетација и деградирана шума); Струмица – с. Баница и населба Софилари (висока трева); Карбинци – с. Јунузлија (шума); и Штип – помеѓу с. Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева).
Изгаснати се пожарите во: Сарај 1 – с. Семениште (стрниште и гранки); Сарај 2 – с. Паничари (сува трева); Гази Баба – с. Трубарево (стрниште, грмушки и сува трева); Шуто Оризари – ул. Брсјачка Буна (дива депонија); Кривогаштани – кај депонијата (сува трева и грмушки); Струмица – м.в. Три Води (ниска вегетација и мешана шума); Василево – с. Василево (ниска вегетација); Струга 1 – с. Калишта (ниска вегетација и ѓубриште); Струга 2 – с. Октиси (депонија); Штип – кај м.в. 9-ти км (сува трева); Карбинци – с. Радање (стрниште, сува трева и штала); Куманово 1 – н. Бедиње (ниска вегетација); Куманово 2 – с. Табановце (сува трева); Куманово 3 – ул. Никола Тесла (сува трева); Куманово 4 – с. Тромеѓа (сува трева); и Теарце – с. Непроштено (сува трева).
Македонија
Чекање до 45 минути на Табановце и Пелинце, а на Богородица околу 30 минути

Со зголемувањето на летните одмори и интензивните туристички патувања, на македонските гранични премини повторно се бележат големи гужви. Најголемиот притисок се чувствува на ГП Табановце и ГП Пелинце, каде времето на чекање изнесува околу 45 минути, додека на ГП Богородица возачите чекаат околу 30 минути за излез од државата.
На останатите гранични премини засега нема подолги задржувања за влез и излез од земјава, но надлежните предупредуваат дека состојбата може брзо да се промени со оглед на високата фреквенција на сообраќај.
Од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, но апелираат до возачите на зголемена претпазливост, особено во критичните делници низ планински и речни региони.
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ја прилагодат брзината на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сигнализација. Особено внимание е потребно на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде постои можност од одрони“, изјавија од АМСМ.
Најмногу возила има од и кон Србија и Грција, а засилено движење се очекува и во текот на викендот, кога се очекува нов бран на заминувања и враќања од одмор.
Македонија
Денес сончево и топло, попладне дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во северните делови ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот ветерот ќе го промени правецот во северен. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со умерен развој на нестабилна облачност. Во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен, а кон крајот на денот од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне до 38 степени Целзиусови.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) од утре ќе настапи позначителна промена на временската состојба. Ќе преовладува променливо облачно, нестабилно и посвежо време со услови за повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни и проследени со грмежи, особено во вторник.
Дневната температура ќе биде во опаѓање и до средината на следната седмица се очекува да опадне за 8 до 10 степени во споредба со денешната.