Топ
Битолчанец во притвор за кражба на 450 денари

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за разбојништво од член 247 став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот, на 17 мај, ја пресретнал оштетената на улица и силно ја турнал со рацете. Кога таа паднала, удирајќи директно со главата на земјата, разбојникот ѝ го одзел паричникот, во кој имало 450 денари и лични документи, со намера противправно да го присвои и избегал од местото.
Со оглед на тоа што постои опасност осомниченото лице да се даде во бегство, да го повтори делото или да влијае врз сведоците, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Битола достави и предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати ваквиот предлог и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, соопшти Обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Фото) Министерот за здравство се вакцинираше против грип: Апелирам граѓаните навреме да се заштитат

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска го посети одделението за епидемиологија во Гостивар, каде и тој прими вакцина против сезонски грип.
-Денес сум во мојот роден Гостивар, каде се вакцинирав и преку личен пример сакам да ја истакнам важноста од навремената вакцинација, како најефикасна превентивна мерка за заштита на здравјето. Апелирам граѓаните навреме да се заштитат од сезонскиот грип, посебно ги повикувам лицата, кои спаѓаат во ризични групи население да се пријават преку апликацијата vakcinacija.mk или кај својот матичен лекар, истакна при посетата министерот Азир Алиу.
На ниво на држава, досега се пријавени околу 49.000 граѓани за вакцинација против сезонски грип. Првиот ден се вакцинирани над две илјади лица.
-Ова е навистина голем интерес, што покажува зголемена свесност за значењето за заштита од грип, и уште еднаш ја потврдува важноста и потребата од оваа превентивна мерка. Министерството годинава годинава набави најголем број вакцини против сезонски грип – 80.000 дози четиривалентна вакцина од реномираниот производител „Абот“ од Холандија, истакна Алиу.
Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население, како што се повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лицата сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во овие установи.
Европа
(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската државна новинска агенција РИА Новости, повикувајќи се на координаторот на проруското „Николаевско подземје“ Сергеј Лебедев.
Украинските власти потврдија дека повеќе од десетина експлозии се слушнале во Криви Рих за време на воздушниот напад, но не го споменаа аеродромот.
Kryvyi Rih has indeed been subject to an awful attack.
At least 10 drones descended on the city in Dnipropetrovsk.
It's no known how many hit targets, but from this video we can see there were quite a few.#RussiaIsATerroristState pic.twitter.com/tQRXmptF7F— Tim White (@TWMCLtd) October 16, 2025
„Беа избројани околу 15 експлозии. Силно гори во областа на аеродромот Лозовацки на север од градот, каде што има пет авиони, вклучувајќи ги и оние на НАТО. Оттаму, масовно се лансираат беспилотни летала кон јужниот дел на Русија: Крим, Краснодарска територија, јужно од Ростовската област“, рече Лебедев.
Русија тврди дека, покрај аеродромот, бил погоден и голем железнички центар со неколку хангари и складишта за оружје.
фото: принтскрин
Свет
Зеленски реагира на најавениот самит Трамп-Путин: тој денес пристигнува во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес е домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон за да разговараат за иднината на војната во Украина, еден ден откако американскиот претседател најави нов самит со Владимир Путин во Будимпешта во наредните недели.
Зеленски рече дека пред средбата со Трамп во Овалната соба, ќе се сретне со претставници на одбранбени и енергетски компании. „Очекуваме дека моментумот во сузбивањето на теророт и војната, што е постигнат на Блискиот Исток, ќе помогне да се стави крај на руската војна против Украина“, рече украинскиот претседател.
Зеленски се огласи на социјалните мрежи.
Already in Washington.
Today, I am having meetings with representatives of defense companies – producers of powerful weapons that can definitely strengthen our protection. In particular, we will discuss additional supplies of air defense systems. I will also meet today with… pic.twitter.com/MRFmPARkq1
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) October 16, 2025
„Ништо не се промени за Русија, таа продолжува да ги тероризира животите во Украина. Рој беспилотни летала го нападнаа Криви Рих, погодувајќи ја цивилната инфраструктура. Имаше уште десетици напаѓачки беспилотни летала на нашето небо. Беа снимени и проектили. Всушност, ниту една ноќ во последните недели не помина без руски напади врз Украина. Повеќето од целите се инфраструктурни објекти, што е систематска кампања на терор против нашиот енергетски сектор.
Русија се обидува да го претвори овој дел од Европа во остров на опасност и страдање за човечки животи. Клучот е да не се дозволи тоа да се случи. Русија ќе биде принудена да ја запре војната во моментот кога повеќе нема да може да ја води. А нејзината вистинска подготвеност за мир не лежи во зборовите што на Путин никогаш не му недостасуваат, туку во вистинското прекинување на нападите и убиствата, и токму таму има проблем.
Путин сигурно не е похрабар од Хамас или кој било друг терорист. Јазикот на сила и правда неизбежно ќе работи против Русија. Веќе можеме да видиме дека Москва брза да го продолжи дијалогот штом ќе чуе за ракетите Томахавк.
Затоа секој противвоздушниот систем е важен за Украина – спасува животи. Секоја одлука што може да нè зајакне го приближува крајот на војната. Безбедноста може да се гарантира ако сè за што се договоривме, вклучително и овде во Вашингтон, навистина се спроведе. Им благодарам на сите што стојат зад Украина“, рече Зеленски на Икс.