Европа
Европа ги олеснува мерките, а Шведска најавува продолжување на некои ограничувања

Кога многу европски земји ги укинуваат мерките за изолација поради пандемијата на коронавирусот, Шведска, која не се затвори како остатокот од континентот, сега најавува продолжување на некои ограничувања на подолго време, како што е забрана за посета на старски домови и продолжување на работата од дома.
Оваа скандинавска земја не ги затвори училиштата, градинките, кафулињата, баровите и рестораните за време на пандемијата барајќи од граѓаните да го преземат својот дел од одговорноста, па Швеѓаните самите се повлекоа во изолација.
„Борбата против Ковид-19 е маратон. Мерките што ги презедовме беа избрани затоа што цврсто веруваме дека тие се одржливи подолго време“, рече премиерот Стефан Лофвен на прес-конференција.
Забраната за посета на домови за стари лица, во кои починале повеќе од половина од вкупниот број починати, сигурно ќе остане во сила идните месеци, а исто така се препорачува да се продолжи со работа од дома.
Во земјата во вторникот биле заразени околу 30.800 луѓе, а 3.743 луѓе починале од Ковид-19 до тој ден, повеќе отколку во Норвешка, Финска и во Данска.
Шведска има 371 смртен случај на коронавирус на милион жители, а Данска има 95, Финска – 54 и Норвешка – 43.
Сега, кога повеќето Европејци постепено се враќаат на работа и ги продолжуваат своите редовни активности, Шведска, плашејќи се од втор бран, се одлучи за потрајна стратегија затоа што верува дека вирусот нема да исчезне набргу и треба да циркулира полека во општеството за да не го оптоварува здравствениот систем, иако постарите луѓе платија висока цена за тоа.
Според анкетите, шведската јавност најмногу ги поддржува мерките на главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел, кој тврди дека шведската стратегија е добра и дека податоците покажуваат оти луѓето сè повеќе ги следат дадените совети и препораки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски пристигнува на погребот на папата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе присуствува на погребот на папата Франциско, пренесе АФП, повикувајќи се на извор од украинскиот претседателски кабинет.
Според истиот извор, канцеларијата на Зеленски ја подготвува неговата посета на Рим за Зеленски лично да се прости од поглаварот на Католичката црква.
Како што претходно беше најавено, погребот на папата Франциско ќе се изврши во сабота, на 26 април, во 10 часот по локално време. Досега Трамп и Макрон потврдија дека ќе бидат на погребот, но се очекува на погребот да присуствуваат бројни светски лидери и стотици илјади верници.
Европа
Украина: Русите го зголемуваат военото присуство во Мариупол

Руските сили продолжуваат да го зголемуваат своето воено присуство во привремено окупираниот град Мариупол. Како што соопшти денеска на „Телеграм“ градскиот совет на Мариупол, во градот веќе се формирани две воени бази.
„Руските окупатори го прошируваат своето воено присуство во Мариупол“, се вели во соопштението.
Според Центарот за проучување на окупацијата, во текот на март и април 2025 година се појавиле две нови воени бази: една во областа Калмиус на северозапад од градот и логистичка база во областа Ливобережњи, во станбената зона Шхидни. Втората база, како што се наведува, главно се користи за сместување персонал и воена опрема.
„На овој начин руските окупатори постепено го зголемуваат своето присуство во Мариупол. Центарот за проучување на окупацијата нагласува дека ова е план за трансформирање на градот во главна и полноправна логистичка и воена база не само за стоки туку и за опрема и персонал, со широка мрежа на паркинзи, бази за поправка и точки на трајно и привремено распоредување персонал. Ова е олеснето и со развојот на железничките и пристанишните врски што ги спроведуваат окупаторските власти“, се вели во соопштението на градскиот совет на Мариупол.
Европа
Знамиња со кукасти крстови се појавија во Стокхолм на роденденот на Хитлер, полицијата започна истрага

Три нацистички знамиња со кукасти крстови беа поставени на влезот на автопат во областа Есингеледен во Стокхолм, главниот град на Шведска, на 20 април, на роденденот на Адолф Хитлер.
Портпаролот на полицијата во Стокхолм, Матс Ериксон, изјави дека започнале истрага за злосторство од омраза.
Ериксон нагласи дека не е соодветно да се случуваат такви работи во Шведска. Тој посочи дека на влезовите на автопатите често се појавуваат транспаренти со политички пораки.
„Конкретно активистите споделуваат политички пораки бидејќи тука има густ сообраќај. Не е убаво да се споделуваат такви пораки“, рече Ериксон.
Тој додаде дека нацистичкото знаме најверојатно било поставено за да го одбележи роденденот на нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, кој е роден на 20 април.