Вести
Ал Каеда ја негира смртта на Белмуктар во Либија

Еден од најпознатите исламистички терористи во северозападна Африка (Магреб), Алжирецот Муктар Белмуктар кој го основаше локалниот огранок на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, не е убиен во воздушниот напад на американските сили во Либија, објавија во вторникот бунтовниците.
Претходно во понеделникот претставник на владата на Либија којашто ја признава меѓународната заедница, изјави дека Муктар Белмуктар бил убиен во американски воздушен напад извршен на територијата на земјата. Информацијата за американските медиуми ја потврдија американски функционери, но Пентагон соопшти дека извршил антитерористичка операција во Либија чија цел бил лидерот на локалната Ал Каеда, без да прецизира дали Белмуктар настрадал во неа.
Во вторникот организацијата објави соопштение, во коешто ги наведе имињата на седум лица кои загинале во американското бомбардирање. Меѓу нив не е името на Муктар Белмуктар. „Нема други убиени“, се вели во објавата што ја цитира AFP.
Белмуктар е основач на екстремната „Салафистичка група за проповед и џихад“, која се сметаше за најопасната во регионот на Сахел. Оваа група е обвинета за десетици терористички напади, и неколку случаи на земање заложници. Подоцна групацијата се преименуваше во „Огранок на Ал Каеда во земјите на Магреб“.
Муктар Белмуктар се смета за организатор на нападот врз нафтеногасниот комплекс во Тигентурин, на југот од Алжир, во јануари 2013 година Тогаш во нападот беа убиени 37 луѓе од осум земји од светот. По терористот неколку години трагаат разузнавачките служби на неколку земји, но засега без успех. Белмуктар успешно се крие целиот период, за што го доби прекарот „Недопирливиот“. Информации за негова ликвидација имаше и порано, но тие не се потврдени.
Во мај годинава групата којашто ја водеше „Ал-Мурабитун“ изрази лојалност на џихадистичката организација Исламска држава, против којашто САД ги засилија нападите на либиска територија.
Либија, по соборувањето со помош на западните сили во 2011 година на деценискиот автократски челник Момеар ел-Гадафи, се соочува со насилство меѓу приврзаниците на двете влади, на либерали и исламисти, како и со подемот на џихадистичката Исламска држава којашто ги користи политичките превирања и се повеќе го освојува теренот.
Сето тоа резултираше со двовластие во Либија, од една страни е избраниот на општите избори парламент и влада кои заседаваат во Тобрук, водени од премиерот Абдула ал-Тани. Другиот парламент е на проислмаситичкиот Генерален национален конгрес, кој заседава во престолнината Триполи, а чијашто влада ја води премиерот Омар ал-Хаси, кого не го признава меѓународната заедница./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.