Црна хроника
Скопски дилер фрлал дрога во дворот на соседите за да куртули од апсење
Триесетгодишен дилер од Скопје заработи кривична пријава откако во неговиот дом во скопски Чаир полицијата пронашла поголемо количество дрога.
Единицата за недозволена трговија со дрога, по добиеното сознание дека пријавениот Ф.Н., кој е уличен дилер на хероин и марихуана, во текот на овој месец од две лица од РМ, неовластено набавил поголема количина на хероин и марихуана, превзеде опсежни оперативно мерки за потврдување на сознанието и собирање на материјални докази.
Откако од страна на полицајците се потврдени сознанијата дека така набавената дрога, Ф.Н. ја однел дома, каде во зависност од побарувачката ја препакувал во помали количини (полиетиленски и хартиени паковки) и истата ја препродавал на уживатели од Скопје, со наредба од Судија на претходна постапка, извршен е претрес во неговиот дом во скопски Чаир. При започнување на претресот во домот на Ф.Н., каде тој живее со неговата сопруга, двајцата се обиделе да се ослободат од дрогата, на тој начин што ја фрлиле во дворот на соседите, но биле видени од полициски службеници кои од дворот на соседите подигнале една тегла со непозната прашкаста материја, една тегла со непозната расителна материја и повеќе помали полиетиленски паковки со непозната прашкаста и тревкаста материја.
Истотака, во кровната конструкција на куќата е пронајдена хартиена паковка со растителна материја и една дробилка за марихуана, а во домот на негов роднина, кој живее во непосредна близина е пронајдена една дигитална вага, на која имало остатоци од хероин и марихуана.
Ф.Н. е приведен во службените простории на Единицата, каде не дал појаснување за пронајдената дрога и дигитална вага, како и за тоа, од кого и од каде е пронајдената дрога. По извршеното вештачење на подигнатиот материјал од претресот, е утврдено дека пронајдената прашкаста матрија претставува 88,82 грама наркотична дрога-хероин, спакувана во 32 помали поилиетиленски паковки, додека растителната материја – 23,81 грама марихуана како и една полиетиленска паковка со вкупна маса од 5, 80 грама мешавина од парацетамол и кофеин.
Инаку, Ф.Н. покрај тоа што е кривично пријавуван за недозволена трговија со хероин, против него се поднесени и две кривични пријави за извршени две разбојништва и една кривична пријава за “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со БМВ удрил во контејнери и автомобил, па побегнал
Вчера во 22:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на сервисна улица од ул.„Матеја Матевски“ во Скопје патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.А.(22) од Р.Турција, а со привремен престој во Скопје, удрило во контејнери и патничко возило алфа ромео со демиркаписки регистарски ознаки. М.А.А. го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки од полициски службеници, тој набрзо бил фатен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Жител на дебарското село Горенци вршел превоз без лиценца
Дебарското Одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на село Горенци, кој вршел превоз без соодветна лиценца.
-Кривична пријава е поднесена против А.А.(48) од селото Горенци, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без да поседува соодветна лиценца“ по член 284 од Кривичниот законик, информираше Стефан Димоски портпарол на СВР-Охрид.
Според него, на 9 октомври при контрола во патниот сообраќај извршена на улицата „Елена Ѓика“ во Дебар, полициските службеници сопреле патнички автомобил „фолксваген голф“, управуван од пријавениот.
При тоа, констатирале дека тој врши такси превоз на патници без соодветна лиценца издадена од надлежен државен орган.
Црна хроника
Фатени дилери на дрога, меѓу нив и дете
Ноќта помеѓу 7 и 8 ноември .11.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Ј. од Куманово, Ф.С. од Кочани, Б.А., М.Р., П.Ѓ., М.Ј., М.Е., А.П. и еден 16-годишен малолетник, сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

