Македонија
Ангеловска: Чулев предложи кратење средства од МВР, а сега бара награди за вработените
Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, на владина седница при правењето на ребалансот на буџетот доставил предлог за кратење средства во МВР, а предлогот за награда од 15.000 денари во МВР за секој вработен не кореспондира со неговото барање.
Ова го соопшти министерката за финансии, Нина Ангеловска, според која, сите кратења во буџетот се правеле според барањата на министрите. Таа посочи дека треба да се земат предвид реалните можности, а Владата ќе се залага сите што заслужиле да добијат награда кога ќе се има контрола над коронавирусот.
„Сметам дека сите ние како членови на Владата носиме уште поголема одговорност во оваа криза и треба да бидеме уште поразумни, реални, рационални во целиот тој процес. Вие знаете дека ребалансот беше скроен пред два дена. Јас морам да кажам дека министерот за внатрешни работи беше навистина кооперативен при правење на ребалансот и тој достави предлог за кратење од 88 милиони денари во МВР. Тој предлог беше ефектуиран и морам да кажам дека овој пат, при овој ребаланс, поставивме стандарди и концепт така што ништо на своја рака Министерството за финансии не кратеше. Сите кратења, сите прераспределби и промени се по барање на буџетските корисници. Предлогот не кореспондира со барањето што било доставено при кроењето на ребалансот. Два дена по скроен ребаланс, мора да бидеме сите реални. Јас верувам дека сите членови на Владата ги знаеме реалните можности и дека сите до еден и оваа Влада ќе се залага за да ги награди сите што заслужиле кога ќе имаме целосна контрола над вирусот и сите ќе ја добијат наградата и заслуженото“, рече Ангеловска за барањето на Чулев.
Покачувањето на платите на здравствените работници е предвидено со ребалансот на буџетот, посочи министерката.
„Јас сметам дека оваа криза го извади најдоброто од голем број професионалци што работат во јавниот сектор. Таков прв пример се здравството и здравствените работници, кои се во првите редови, во директен контакт со заразените, а за кои рековме дека ќе им се оддолжиме и ќе ги наградиме и затоа беа во ребалансот, со доставена калкулација по предлог и тие беа вградени кога тој беше усвоен пред неколку дена“, рече Ангеловска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
АХВ: Уништени над 1 тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна
Илјада и десет килограми небезбедна „здрава храна” уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство кај 14 оператори во рамки на 373 контроли спровдени неделава, кај оператори именувани како објекти за производство и промет со здрава храна, соопшти АХВ.
Со контролите утврдено било дека 14 оператори воопшпто не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата.
За утврдените недоследности со контролите, биле издадени 65 решенија, 19 опомени и 44 парични казни, во вкупна вредност од 20.550 евра.
„Кај 9 оператори со контролите утврдени биле незадоволителни хигиенски и технички услови во објектите, кај 7 била пронајдена храна со поминат рок на употреба. Кај двајца оператори најдена била и храна со непознато потекло. Несоодветно означена била храната кај 18 оператори, а кај 23, вработените немале спроведено задолжитрелен здравствен преглед. Двајца од операторите немале воспоставени процедури за Добра производствена и Добра хигиенска пракса, или не воделе соодветни записи. Кај исто толку оператори не била извршена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите“, пишува во соопштението на АХВ.
Македонија
СДСМ: Наместо луксуз на власта со авиони, да се пренаменат пари за 600 евра минимална плата
Животот во Македонија станува сѐ поскап, работниците едвај врзуваат крај со крај, а власта сѐ луксузира врз грбот на народот, велат од СДСМ.
„Според последните податоци, синдикалната кошничка во февруари достигна 67.400 денари. На едно четиричлено семејство не му се доволни ниту 3 минимални плати месечно за да ги покрие основните потреби. Над 200 илјади работници земаат плата под 30.000 денари. Со сегашното ниско ниво на минимална плата не можат да се покријат трошоците за основни потреби, храната, сметки.. Тешкото секојдневие, високите сметки и поскапувањата ги доведоа работничките семејства на раб. И додека граѓаните се борат за корка леб, премиерот Христијан Мицкоски се луксузира на сметка на народот – со владини авиони, со скапи часовници од 60 илјади евра. Време е да се укине луксузот на власта, а работниците да добијат достоинствени плати, какви што заслужуваат. Бараме парите што власта ги планираше за нов авион да се пренаменат за минимална плата од 600 евра за сите работници. Нема повеќе оправдувања дека „нема пари“. Имало пари за нов авион, за мебел, за уредување кабинети, за службени автомобили. Нека направат ребаланс на Буџетот и нека ги пренаменат парите за плати. Доста е расфрлање со милиони за авиони – мали или големи – додека народот тоне. Доста е луксуз на грбот на народот“, стои во соопштението на СДСМ.
Македонија
Обвинителство: Забрана за две правни лица од Велешта да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум
Преземајќи истражни дејствија по наредба на Основното јавно обвинителство Струга за испитување на причините за загадувањето на водата од извориштето во селото Шум, истражните органи затекнаа работни машини на две правни лица од Велешта кои вршеле кршење, ископ и транспорт на карпи во поголем обем во непосредна близина на изворите, информираат од Обвинителството.
Како што се наведува во соопштението, поради сомненија за кривични дела – Незаконита експлоатација на минерални суровини од член 225-а и Загадување на водата за пиење од член 219 од Кривичниот законик, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка веднаш достави предлог за определување мерки на претпазливост – забрани на правните лица да ги посетуваат парцелите каде вршеле ископ и забрана да преземаат какви било работни активности на подрачјето.
Основното јавно обвинителство Струга продолжува да презема дејствија за обезбедување докази и испитување на евентуална кривична одговорност во однос на енормното загадување на изворите во Шум од каде подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење, стои во соопштението.

