Спорт
Наоми Осака е најплатената спортистка на светот
Јапонската тенисерка Наоми Осака ја помина Серена Вилијамс како најдоброплатена спортистка, заработувајќи 37.4 милиони долари во последните 12 месеци, објави магазинот „Форбс“.
22-годишната двократна гренд слем шампионка заработи 1.4 милиони долари повеќе од Американката Вилијамс, која беше на првото место во последните четири години. Марија Шарапова го имаше рекордот во 12-месечен приход за тенисерка со 29.7 милиони долари во 2015 година.
Тенисерките се на првото место на женската листа на „Форбс“ од 1990 година, а од 2004 година, на оваа листа се менуваа Вилијамс и Шарапова.
Осака стана славна со победата над Вилијамс во финалето на САД опен во 2018 година, во контроверзен меч чиј резултат беше фрлен во сенка по расправањето на Вилијамс со судијата на столче. Таа потоа триумфираше и на Австралија опен, следниот гренд слем на календарот, но формата и падна во 2020 и моментално е на 10. место на ВТА листата.
Нејзиното потекло (нејзината мајка е Јапонка, а нејзиниот татко Американец со потекло од Хаити), ја направи една од најпогодните тенисерки за реклами. Таа е дел од менаџерската група „ИМГ“ и има 15 спонзорски договори, вклучувајќи со брендови како Најк, Нисан, Шисеидо и Јонекс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Халанд го реши Борнмут
Манчестер сити во дербито го победи Борнмут со 3:1 и се искачи на второто место на табелата. „Граѓаните“ имаат шест бода помалку од Арсенал, зад нив со по 18 поени се Ливерпул и Борнмут.
„Граѓаните“ изгледаа одлично на теренот, играа онака како што сака Пеп Гвардиола и стигнаа до заслужена победа и второ место.
Халанд ја отвори серијата во 17-та минута, а осум минути подцна Донарума ги честеше гостите. По неговата грешка Адамес изедначи. Халанд со својот втор гол во 33-та минута им ја врати предноста на „граѓаните“.
Норвежанецот продолжи да ги тероризира противничките одбрани оваа сезона, веќе постигна 26 гола на 16 натпревари во сите натпреварувања, од кои 13 гола во Премиер лигата.
Точка на мечот, со деби голот за Сити, стави О’Рајли во 60-та минута.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Лече ја продолжи агонијата на Фиорентина
Фудбалерите на Фиорентина се во криза во каква што не биле, во поновата историја на клубот. По 10 кола, Фиорентина нема победа во Серија А, со само четири бода се наоѓа на претпоследноот место на табелата.
Попладнево на „Артемио Франки“, Фиорентина загуби од Лече (0:1). По овој пораз на време, прашање е само кога тренерот Сетфано Пиоли ќе добие отказ.
Стрелец на единствениот гол за гостите од југот беше Албанецот Медон Бериша во 23-та минута.
Фиорентина, ако е тоа утеха за сите во клубот, а тешко дека е така, не е единствената без победа оваа сезона: Пиза, Верона и Џенова се исто така во таа група.
Пиза одигра возбудливи 2:2 попладнево и покрај тоа што водеше со 2:0 со головите на Стефано Море (неговите први голови во Серија А).
Биковите, сепак, израмнија до полувремето преку Џовани Симеоне и Че Адамс.
Спорт
Синер го освои Париз и се врати на првото место
За прв пат во својата кариера, италијанскиот тенисер Јаник Синер славеше на Мастерсот во Париз.
Во големото финале, Синер беше подобар од Феликс Оже-Алијасим со 6:4, 7:6 (4).
Со овој триумф, Синер се врати на првото место на АТП листата и од понеделник ќе има предност од 250 поени пред Карлос Алкараз пред Финалниот Мастерс во Торино, кој започнува на 9 ноември.
Италијанецот го започна мечот фуриозно, со експресен брејк во првиот гем. Овој брејк одреди во кој правец ќе се движи сетот.
Имаше Синер шанси за брејк во петтиот и седмиот гем, од вториот сет, но Канаѓанецот успеа да се одбрани.
Синер не му дозволи ниту една шанса за брејк на 10-от тенисер во светот.
Во тај-брејкот, еден мини брејк беше доволен, Синер го направи во шестиот поен.
Јаник поведе против Феликс и во меѓусебните средби, по третиот последователен триумф сега е 3-2.
Foto/ EPA

