Спорт
Мечот Ливерпул-Атлетико е „одговорен“ за 41 починат од коронавирусот

Анализата на податоците на Британската здравствена служба (НХС) открива дека мечот од осминафиналето од Лигата на шампионите на Ливерпул против Атлетико Мадрид на „Енфилд“ бил директно одговорен за 41 фатален случај од корона вирусот.
И покрај тоа што тогаш болеста беше во почетна фаза, Ливерпул ги пречека Атлетико на 11 март пред 52.000 фанови, од кои 3.000 пристигнаа од Шпанија. Тоа беше последниот меч во Англија пред мерките за карантин и прекинувањето на Премиер лигата.
Според „Сандеј тајмс“, анализата на податоците покажува дека мечот бил одговорен за 41 дополнителен смртен случај во следните 25-35 дена, бидејќи проценката вели дека во Шпанија во тој момент имало 640.000 позитивни случаи, а во Британија само 100.000 случаи.
Минатиот месец, градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинез-Алмеида призна дека било грешка што тој меч бил дозволен.
„Немаше смисла 3.000 фанови да патуваат во Англија тогаш. Тоа беше грешка и требаше да бидеме многу повнимателни“, изјави Мартинез-Алмеида.
Отворена истрага, мечот Ливерпул-Атлетико влијаел на ширењето на коронавурсот
„Навивачите на Атлетико не смееше да патуваат во Ливерпул на мечот од ЛШ“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тен Хаг блиску до враќање во својот стар клуб

Ерик Тен Хаг наскоро би можел повторно да седне на клупата на клубот каде што бележеше најдобри резултати.
Во последно време, јавноста многу зборува за ненадејниот пад на кариерата на Тен Хаг откако беше отпуштен од Манчестер Јунајтед и Баер Леверкузен.
Според последните информации што доаѓаат од Холандија, Тен Хаг би можел да се врати во Ајакс, со кого постигна фантастични резултати пред пет години.
Великанот од Амстердам игра лошо од почетокот на сезоната, алармот е вклучен во клубот и според медиумите реално е Тен Хаг да се врати на „Јохан Кројф арена“.
Тен Хаг е отворен за преговори со челниците на Ајакс, па затоа договорот меѓу двете страни е многу веројатен.
Спорт
Браун ќе добие 140 милиони долари од Денвер

Денвер Нагетс се сериозни во врска со трошењето огромни суми пари за обнова на шампионскиот тим околу Никола Јокиќ.
Српскиот ас веројатно ќе потпише максимален договор следната сезона, а челниците на тимот од Колорадо сакаат да го осигурат останувањето на играчи кои ќе му помогнат да и донесе на франшизата уште една титула.
Во оваа група е и Кристијан Браун, кој ја одигра најдобрата кошарка во својот живот во сезоната 2024/25. Одличниот бек имаше 15,4 поени, 5,6 скока и 2,9 асистенции.
Неговите одлични игри ги принудија челниците на клубот да му понудат дури 140.000.000 долари за продолжување на соработката за следните пет години.
Се очекува 24-годишниот бек да ја прифати оваа понуда, иако прашањето е како челниците на Нагетс финансиски ќе ги испочитуваат останатите играчи во тимот.
Спорт
Обст ја торпедира Црвена звезда, Партизан се извлече против Милано, Реал во дербито го победи Олимпијакос

Три натпревари го отворија второто коло во кошаркарската Евролига. Победи забележаа Реал Мадрид, Баерн Минхен и Партизан.
Реал Мадрид со голем пресврт, во последната четвртина го победи Олимпијакос со 89:77.
Најефикасни играчи во Реал Мадрид беа Марио Хезоња со 18, Габриел Дек со 13, Факундо Кампацо со девет поени и осум асистенции.
За Олимпијакос, Тајлер Дорси постигна 20, Еван Фурние 14, Саша Везенков 13, Никола Милутинов 10 поени со девет скока.
Во следното коло, Реал ќе игра против Асвел на домашен терен, а Олимпијакос ќе го пречека Дубаи.
Партизан во Белград за малку ќе направеше од готово вересија против Армани Милано. И покрај тоа што домаќинот имаше водство и од 20 поени, на крајот победи со 80:78.
Гостите стигнаа до минус два на помалку од една минута пред крајот, Партизан потоа не искористи напад и му дозволи на Армани дури и да има напад за победа. Марко Гудуриќ ја зеде топката, шутираше за три поени во последната секунда, но тоа беше лош и краток шут.
Стерлинг Браун беше најефикасен со 20 поени, Карлик Џонс имаше 15, Исак Бонга и Џабари Паркер постигнаа по 10 поени.
На спротивната страна Шилдс имаше 21, Брукс и Гудуриќ по 12 (8 асистенции), додека Нибо имаше 10 поени и 6 скока.
Баерн во Минхен ја победи Црвенз звезда со 97:88. Со подобра игра во второто полувреме, Баерн оствари победа над црвено-белите.Покрај тоа Баерн го имаше Абдреас Обст, кој постигна девет тројки од 16 обиди. Германскиот репрезентативец натпреварот го заврши со 31 поен.
Кај Црвена звезда се исткна Џордан Нвора со 27 поени, пет скока и две асистенции.